July 4, 2009

Цели и задачи

Стопанската комора на мал бизнис (скратено КМБ или SBCh) е формирана од повеќе стопански субјекти согласно Законот за Стопански комори, и во основа е непрофитна организација која се формира за исполнување на следните цели и задачи: повеќе...

Органи на КМБ

Собрание на КБМ кое брои 51 члена;
Управен одбор составен од 7 члена;
Надзорен одбор составен од 5 члена; и
Претседател, која ја застапува и претставува КМБ.

ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ И НАДВОРЕШНО ТРГОВСКОТО РАБОТЕЊЕ

Поддршката на извозот и надворешното трговско работење се теми на Меѓународно Сертифицираната Обука на Комората за Мал Бизнис и WIFI Institute Austria со работен наслов “The Global Crisis - a Chance for SMEs” Обуката е наменета за менаџери  и/или сопственици на Мали и Средни Претпријатија кои се или сакаат да станат извозно ориентирани.

повеќе...
 
Универзитет ЈИЕ Тетово - Енергетски ефикасни згради

Под покровителство на ЈИЕ Универзитетот - Институт за животна средина и здравје и Комората на Мали Бизниси на 05.06.2009 год во просториите на ЈИЕ Универзитетот се одржа работилница насловена како Енергетски ефикасни згради.

Image Image

На работилницата беше претставен идејниот проект на Универзитетот со кое се прави обид да се воспостават ЕУ нормите на ефикасно користење на енергетските ресурси во функција на зачувување на животната средина. Исто така со свои трудови, иновации и решенија се претставија експерти и стручни лица на фирмите "Ековат", "Бетон", "Македонија проект', "Иб дизајн', "Космо', "Шешо инженеринг" и "Филбис".
Работилницата беше следена од студетнти на Универзитетот кои се на постдипломски студии од областа на животната средина и здравје.

Image Image

Работилницата ја отвори и со неа раководеше професорот Муртезан Исмаили кој заклучи дека претставените трудови се на високо стручно ниво и самата работилница дава можност на непосредна комуникација со стопанските субјекти кои можат да понудат современи решенија и во оваа област кога користењето на енергетските ресурси и зачувување на животната средина се топ тема на современото живеење.

 
Годишно собрание на Комората

На 09.05.2009 година во хотел "Континентал" во Скопје се одржа годишното собрание на кое беа донесени одлуки и програмата за работа во тековната 2009 година.

Image Image

На Собранието беа презентирани извршените активности согласно програмата за работа во минатата година како и финансиското работење. Заради зголемени активности кои се очекуваат во наредната година дури и на меѓународен план за членови на Управниот одбор беа предложени и прифатени Дипл.инж.Бехар Хаџихамза и Дипл.инж.Спиро Атанасоски.

Image Image

Исто така беше предложен правилникот за работа на Управниот одбор како и правилникот за работа на Судот на честа кој се очекува да биде формиран во текот на наредната година. Присутните членови на собранието искажаа оптимизам дека Комората со досегашната работа и прифатеност од надлежните институции на државата како и активностите на меѓународен план се повеќе се наметнува како одговорен и достоен чинител во бизнис заедницата во земјата.