Финансиско Мапирање на Климатски Акционен План

A road map for environmentally clean, carbon-neutral, sustainable municipality and region

[field_datum]

Основната цел на овој Форум е Финансиско Мапирање на Климатски Акционен План што ќе им овозможи на претприемачите и на општините пристап до финансирање од достапните извори на зелен капитал и да привлечат алтернативни зелени инвеститори кои во моментов не се доволно присутни на финансискиот пазар.

КЛИМАТСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН

Климатски Акционен План е специфична стратегија специфична на заедницата за борба против климатските промени и елиминирање на емисиите на фосилни горива - главната причина за глобалното затоплување. Климатскиот Акционен План претставува детален список на програми, политики и активности што заедницата мора да ги преземе за да ги намали емисиите на стакленички гасови за период од неколку години.

Стратегиите за намалување на загадувањето од емисиите на фосилни горива најчесто вклучуваат зголемување на производство на обновлива енергија (Соларна-фотоволтаици или Био-гас); мерки за енергетска ефикасност во деловни и станбени згради; замена фосилни горива како гориво во јавниот транспорт и транзиција кон електрифициран транспорт (на пр. електрични возила, автобуси напојувани со електрични батерии или електрични шински возила); и создавање на повеќе слободни и безбедни површини за пешачење и транспорт со велосипед.

Целта на Климатскиот Акционен План е на крајот да се елиминира употребата на фосилни горива - особено нафтата и јагленот што е можно поскоро - за транспорт и производство на електрична енергија.

УЛОГАТА НА ОПШТИНИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈАТА

Европската Комисија има утврдено многу важна улога општините. Ова е подвлечено со имплементацијата на различни програми кои имаат за цел структуирање на регионите, и во нив општините како организациски субјекти. Снабдувањето и потрошувачката на енергија е едно од клучните прашања во овој контекст.

Имплементацијата на стратегии за одржливост треба да биде поддржана од општините како главни субјекти во снабдувањето и потрошувачката на енергија.

Улогите на општините може да се постават на следниов начин:

- општината како потрошувач на енергија (на пр. греење, осветлување, канцелариска опрема) во јавните објекти (пр. училишта, градинки, спортски објекти, болници) и инфраструктура (на пр., паркинг, јавен превоз, одржување на улици и осветлување)
- општината како производител и дистрибутер на енергија (на пример, сопственост на компании за производство на енергија, како и компании за дистрибуција на енергија)
- општината како одговорна институција за регионален развој (на пр. просторно и енергетско планирање, планирање на патна мрежа и сл.)
- општината како поддржувач и мотиватор на активности за енергетска ефикасност (на пр.воспоставување на информативни центри, имплементација на работилници, финансирање и спроведување на пилот проекти, членство во организации за поддршка на одржлив развој и сл.)

- Енергетска транзиција - политики
- Енергетско мапирање – програми и активности
- Управување со водата, Мобилизација на биомаса, Земјоделство и управување со шумите, Биогас потенцијали од земјоделството, Електрична енергија од обновливи извори - програми и активности

ЗОШТО ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ АКЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ?

Употребата на енергија е еден од најголемите извори на стакленички гасови кои се емитираат од општински активности, исто така, предизвикува значителни трошоци за буџетот на општините. Со фокусирање на проекти внатре во општините може се зголеми ефикасноста на употреба на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија, што ќе доведе до намалување на оперативни трошоци и, исто така, ќе се постави пример во заедницата за одржлив развој.

МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ

Центарот за финансирање и менторство со поддршка од Adria Finance HUB https://www.sbch.org.mk/platformi/adria-finance-hub во рамките на Стопанската Комора на Мал Бизнис, континуирано систематски ги следи достапните финансиски програми што поддржуваат зелени инвестиции во претппријатијата и општините: Macedonian Bank for Development Promotion (MBDP), European Bank for Reconstruction and Development (EBRD), World Bank, Green Climate Fund, IPA funds (local , regional ,cross-border Balkan-Mediterranean program, interregional), Horizon 2020 instruments for small medium-sized enterprises number 9 and 11, GIZ Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH Open Source for Southeast Europe for Energy Efficiency IPARD Support Program , funds related to the so-called Berlin Process for WB6 Western Balkan countries, Investment Group Meta Group, Energy Institut der Wirtschaft GmbH, CMSR Center for International Cooperation and Development, The Fund for Innovation and Technological Development, Commercial Banks, итн.

ПРОЕКТНИ КОНЦЕПТИ

Во групите на Комората се прават типови проекти за финансиски програми и индустрии кои се погодни за примена на наведените расположливи финансиски програми:

- Административни структури на локалната самоуправа и државните институции, вклучително и училишта, градинки, спортски сали, здравствени установи, итн.

- Индустриски капацитети за производи и услуги кои поддржуваат одржлив развој и заштеда на енергија, реконструкција на згради и имплементација на енергетско ефикасно греење и / или климатизација технологија за:
* Деловни административни и услужни објекти - магацини за прехранбени производи, административни згради, трговски центри, хотелски комплекси
* Прехранбена индустрија - индустриски капацитети за преработка на земјоделски производи и прехранбени производи и производство во оранжерии, итн.
* Производствена индустрија на метали, пластика и производи од дрво
* Градежна индустрија и преработка на мермер и камен - индустриски постројки за производство и преработка на градежни производи

- Обновливи извори на енергија - изградба и електро-механичка инсталација на мали и средни хидроцентрали, биогас постројки, соларни централи

- Гасификација на системите за централно греење - инсталирање на опрема за пренос на природен гас и инсталација за употреба на гас во индустријата и когенеративни постројки, административни и објекти за домување.

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО

Котизацијата за активно учество (презентација на проект) е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден. Котизација за учество како публика (дискусија) е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Basic членство која изнесува 1.850,00 ден.

Настанот е отворен за сите заинтересирани учесници, и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти.

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на зелени комерцијални и проекти за одржлив развој.

ЕУРЕМ 2020 - обука за Енергетски Менаџери
http://www.cosmoinnovate.com.mk/obuki/magjunarodniobuki/energetskaefikas...

ЕУРЕМ МК промотивно видео https://youtu.be/yDwAI97oqxs

ПОВИК за ЕУРЕМ 2020
https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%...

---------------------------------------------------------------------------------

Четврток, Ноември 28, 2019

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

--------------------

ADRIA Finance HUB &
Центар за финансирање и менторска поддршка

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk

НАЦРТ АГЕНДА

10.30 – 11.00 Потенцијалот за инвестиции на регионот
 Анализа на развојни документи на регионот со посебен осврт на инвестиции за одржлив развој во енергетскиот сектор (стратегии, студии, програми, и сл.)
 Спроведени енергетски проекти (ЕЕ и ОИЕ) на регионално и локално ниво
 Акционен план за ЕЕ (идни проекти)

Презентери:
- Претставник на Центар за Развој на Планскиот Регион
- Претсавник/ци на локална/и самоуправа/и
- Претставник на Министерство за локална самоуправа/Министерство за финансии

11.00 – 11.45 Мапа на климатски акционен план

1. Клучни области

• Групи на засегнати страни во заедниците
• Програма за реновирање на згради
• Акциска група за заштеда на електрична енергија
• Мобилизација на биомаса
• Земјоделство и управување со шумите
• Биогас потенцијали од земјоделството
• Управување со водите
• Управување со климатски промени
• Електрична енергија од обновливи извори

2. Планирање и подготовка

•Дефинирање на приоритетите и целите
•Анализа на сегашниот енергетски статус (енергетски и емисиони баланси, почетна состојба) , Регионални енергетски профили (РЕП) како основа за процесот на разој на Визијата

3. Визија
•Потенцијални анализи и сценарија
•Заедно со засегнатите страни усогласите ги нивните приоритети и цели со вашата визија

4. Развој на Климатски Акционен План
Подготовка на имплементација и мониторинг во форма на Акционен План

11.45 – 12.00 Програма на МСИП за инвестиции во јавни објекти - Проект за подобрување на општинските услуги на Светска Банка

- Договор за енергетска услуга - Закон за енергетика, Закон за енергетска ефикасност, Закон за јавни набавки, Закон за концесии и ЈПП, Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа
- Договор за енергетска услуга за имплементација на мерки за подобрување на енергетска ефикасност - Договор за Енергетски Перформанси (EPC) ,– Страни на договорот, Периоди на договорот (подготвителен, имплементација, експлоатација), основен надомест, пуштање во работа

12.00 – 13.30 Применливи решенија за подобрувањето на енергетската ефикасност во објектите на општината, месните заедници, јавен транспорт и логистика и управување со пречистителни станици за водите

- Инвестиции во енергетска ефикасност на јавни објекти со примена на мерки за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за сопствени потреби:

- Студија на случај 1 - Јавно улично осветлување
- Студија на случај 2 - Загравање и ладење на јавен објект
- Превозни средства во висок коефицент на искористеност на метан или електрични возила
- Ниско-енергетски пречистителни станици со поддршка на инвестиции во обновливи извори на енергија: фотоволтаици, пико-хидроелектрани и био-гас постројки

Презентери:
- Претставници на ЕУРЕМ МК – Асоцијација на европски енергетски менаџери
- Претсавник/ци на партнерски организации

13.30 – 14.00 Презентирање на проекти, Дискусија, прашања......

[field_organizator]