Практично Сметководство

комплетна обука

Програмата на курсот опфаќа комплетна практична обука за финансиско и материјално сметководство.

Се работи на компјутери со инсталиран професионален софтвер за сметководство и со реални документи - односно во текот на обуката се води реално сметководство на претпријатие. Обуката се реализира со професионален софтвер за материјално, книговодствено и комерцијално работење.

Со успешна реализација на обуката учесниците ќе можат самостојно да водат сметководство на мали и средни претпријатија. Учесниците на обуката можат да бидат почетници со или без предходно формално економско образование, исто така можат да бидат и веќе искусни вработени во оддел за финансии кои имаат потреба за комплетни познавања на сметководствените процедури, тековни законски прописи за самостојно водење на финансиско и материјално сметководство.

На обуката ќе се обработат следните теми:

- компјутерско и класично сметководство

- редослед на сметководственото работење и начините на книжење

- фактурата - основен сметководствен документ, и нивната формална и материјална исправност

- инвентар и биланс во фирми

- материјално сметководство (малопродажба и големопродажба)

- сметки - конта

- набавка-дефинирање на влезни фактури, контирање и книжење

- увоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики

- продажба - дефинирање на излезни фактури, контирање и книжење

- амортизација и вредносно усогласување на постојаните средства

- извоз, девизен извод и утврдување на курсните разлики

- изводи

- благајна, патни и материјални трошоци

- евиденција - актива и пасива на биланс на состојба

- подготовка на плати

- ДДВ - законска рамка,составување и пополнување на ДДВ образецот

- периодична и годишна пресметка

- данок на добивка и Данок на вкупен приход

- БУ, БС и ДБ, запознавање, составување на завршната сметка и пополнување на пропишаните обрасци

---------------------------------------------------------------------------------------

Програмата ќе се реализира во вкупно 20 предавања по 120 мин. секоја среда и четврток од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје. Пријавување учество на семинарот на линкот „ПРИЈАВИ СЕ„ или пријавата дадена на „СНИМИ ПРИЛОГ„ ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077, 070 223 686. Можност за плаќање на 3 месечни рати. Котизацијата за учество е 11.700,00 ден со уплата на 1 рата 3.900,00 ден. 10% попуст за пријава на два и повеќе учесници.

КОТИЗАЦИЈА: 11.700,00ден.

  1. Четврток, Ноември 1, 2018

    Почеток на настава:

    13 Септември 2018 - Група Септември

    18 Октомври 2018 - Група Октомври

    1 Ноември 2018 - Група Ноември

11/01/2018
To event remaining 8 days
Add to Calendar