ПОВИК за изработка на апликации за финансирање реконструирање

ПОВИЦИ за изработка на апликации за финансирање реконструирање, реструктуирање и технолошки развој

-------------------------------------------------------------------------------
Јавен конкурс за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст објавен од Фондот за иновации и технолошки развој со рок на аплицирање 15 Јуни 2022 год.
https://fitr.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b1%d1%80%d0%b7%d0%b0%d0%bd-%d1%80%d0%b0%...

on-line презентација 20 Мај 2022, 13.00 часот
http://www.sbch.org.mk/novosti/%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%8...
-------------------------------------------------------------------------------
EU for Economic Growth (EU4EG) Project - аплицирање до 16 Мај 2022 г.

Повик на линк >>>
https://www.eeas.europa.eu/delegations/republic-north-macedonia/eu-econo...

Комората на мал бизнис како национална BSO (Business Support Organisation) во проектот EU4EG овозможува поддршка на претпријатијата за изработка на зелени и проекти за дигитализација. Повикот се однесува на мали и средни претпријатија од регионите (Северо-Источен, Полог и Југо-Западен вклучувајчи го регионот Преспа- Општина Ресен) кои би можеле да имаат корист од финансиската поддршка за инвестиции кои ја поттикнуваат локалната економија, но исто така би можеле да ги подобрат своите менаџерски, технички и деловни капацитети, да ги подобрат своите деловни перформанси во однос на прометот, извозниот потенцијал и профитот и притоа да отворат нови работни места (особено за луѓето помлади од 40 години; жени и ранливи/маргинализирани групи) и воведување нови производи и услуги, како и придонес кон зелената и циркуларна економија и преземање мерки кон моделот на нула загадување и нула отпад за да се спречи негативното влијание врз животната средина и климатски промени. Финансиската поддршка изнесува 50-80% за проекти со инвестициска вредност до 600.000 ЕУР.

За пријавување на претпријатијата на повикот е потребно да се достави инвестициска програма и бизнис план изработена од BSO (Business Support Organisation) пријавена во EU4EG проектот.

http://sbch.org.mk/novosti/%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0...
.....................................................................................................
Јавен конкурс за инструмент за поддршка: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации објавен од Фондот за иновации и технолошки развој со рок на аплицирање 15 Октомври 2021 год.

https://fitr.mk/komercijalizacija2021/

------------------------------------------------------------------------------------
Ги повивкуваме заинтересираните претпријатија од Северо-Источен. Западен и Југо-Западен регион на Македонија да пријават интерес за поддршка за изработка на енергетски-аудит и/или учество во обука за изработка на техничко решение за заштеда на енергија. Проектот е координиран од претставништвото на GIZ (The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit)

------------------------------------------------------------------------------------
ЈАВЕН ПОВИК БР. ПСЕЕП 01/2020

Програмата Енергетска ефикасност во јавниот сектор на Светска Банка поддржува проекти со донација 20% и поволни кредитни услови
>>> https://finance.gov.mk/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D0%B2...

------------------------------------------------------------------------------------
ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар

Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерство за Економија поддржува до 50% од трошоците за:

- обуки, изработка на софтвер и дигитални решенија за поддршка на бизнисот и производството, изработка на технички-инвестициони проекти и воведување и сертификација на ISO стандарди.
- изработка на техничка документација за нов производ
- изработка на проектна-техничка документација за инвестициони проекти, зголемување на енергетска ефикасност, воведување концепт на циркуларна/зелена економија

Smart Digitalization Cluster

Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерство за Економија 2021 поддржува до 50% од трошоците за обуки (дигитална трансформација), изработка на софтвер и дигитални решенија за поддршка на бизнисот и производството, изработка на технички-инвестициони проекти и воведување и сертификација на ISO стандарди.
Поддршка во изработка на апликациите од Smart Digitalization Cluster
https://www.youtube.com/watch?v=rTo8ncOhoXA

ESCO SUN

Приоритетни проекти за реконструкција на објекти на ESCO SUN програмата се за зголемување на енергетска ефикасност и трансформација во „Одржливи Енергетски Објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free).
Поддршка во изработка на апликациите од ESCO SUN програмата
https://youtu.be/BWbcTsoT2dg

-------------------------------------------------------------------------------------

Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка, SGS програмата, SMART Digitalization Cluster и Adria Finance HUB финансиската платформа на Комората на Мал бизнис за вашето претпријатие можат да изработат бизнис план за реконструирање и/или реструктуирање со подготовка на целосна документација за апликација за финансирање од Развојна Банка на РСМ, Фонд за Иновации и Технолошки Развој, програми за поддршка на Министерство за Економија и финансиски анализи за поддршка на тековните и нови профитабилни активности преку достапни финансиски инструменти и справување со вонредната економска ситуација.

Нашите тимови ја подготвуваат целосната документација за изработка на апликациите во краток рок.

За организациите каде е потребно посложено реструктуирање реализираме Менторски интерни обуки и консалтинг.

ПРИЈАВУВАЊЕ

На генералниот повик може да се пријават претпријатија од сите сектори, мали, средни и големи претпријатија кои се Standard или Premium членки на Комората на Мал Бизнис.

Ве повикуваме со допис на е-маил: info@sbch.org.mk да ни доставите информации за вашите проектни концепти за реконструирање. Повикот не е временски ограничен,

Министерство за Економија - финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост COVID 19 периодот информации на линкот >>>
http://www.economy.gov.mk/docs/oglasi

Фонд за иновации и технолошки развој - ФИТР
информации на линкот >>>
https://fitr.mk/#

Финансиска поддршка која ја нуди Развојна Банка на РСМ на линкот >>>
https://www.mbdp.com.mk/mk/proizvodi

Проектни концепти

Описот на предлог проктниот концепт треба да содржи спецификација или предмер на мерки за реконструкција во претпријатието кои ќе овозможат подобрување на конкурентноста на услугата/производот воедно и намалување на трошоците по единица производ/услуга.

Реконструкциите може да бидат градежни внатрешни (ентериер) или надворешни реконструкции со подобрување на енергетски карактеристики на постоечки објекти, проширување и надградба на деловни објекти за производство/услуги, набавка и имплементирање на нови машини/технологии итн.

--------------------------------------------------------------------------------------

НАРОДНА БАНКА на Република Северна Македонија

Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/18)
http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-odluka_za_upravuvanjie_so_krieditniot_...

Со донесените измени им се дава дополнителен простор на банките и штедилниците да им понудат поповолни договорни услови (репрограмирање) за постојните кредити на кредитокорисници – физички и правни лица. Поповолните услови може да бидат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс-период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл.,

------------------------------------------------------------------------------------

Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка претставува групација во рамките на Комората на Мал Бизнис на членки со приоритетна дејност: фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг и деловен консталтинг, а со основна цел на групацијата - Менторство и поддршка на менаџментот на малите и средни претпријатија во одредување, аплицирање и имплементирање финансиски инструменти за поддршка на реализација на профитабилни проекти.
Повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/programi/%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%...

-----------------------------------------------------------------------------------

Twin Green & Digital е програма за SMART специјализацијата, проекти за одржлива и зелена реконструкција во јавниот сектор, локалната самоуправа и деловниот сектор. Повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/programi/twin-green-digital

Цели на Twin Green & Digital програмата се прилагодување/реструктуриање на претпријатијата за соработка со развиените економии на партнерските земји во НАТО и ЕУ:

- Дигитализација на организациите базирана на транспарентности и следливост на информациите, подготвени за имплементација и на blockchain технологија за дополнителен ниво на безбедност за чувствителни или критични податоци во синџирот на снабдување.

- Зелена економија со зелени инвестиции

- Воспоставување на ЕСКО екосистем

- Одржливи паметни заедници со приоритетна циркуларна економија

- Транзиција на земјите од регионот кон eкономија со ниско ниво на јаглерод

--------------------------------------------------------------------------------

Adria Finance HUB го комбинира менаџментот со ризичен капитал, достапните фондови, ESCO-инвеститори, EU и интернационални донори, државни шеми за субвенционирање, обуки, менторство и консултантство во интегрирана Платформа за трансформирање на знаењето во претприемнички управуван раст и развој. Повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%B0%D1%82%D0...

---------------------------------------------------------------------------------

За организациите каде е потребно посложено реструктуирање реализираме Менторски интерни обуки и консалтинг.

1. Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање (Strategic Thinking & Team Building)
повеќе >> http://www.sbch.org.mk/content/%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%B...

2. Менаџмент анализа на клучни финансиски извештаи (Finance Management)
повеќе >> http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F%D0%BC%D0%B...

3. Финансиски Извештаи во Excel (Finance & Controlling)
повеќе >> http://www.sbch.org.mk/content/%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B...

4. Инвестициски Анализи во Excel
повеќе >>
http://www.sbch.org.mk/content/%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B...

5. Анализа на оправданост и буџетирање за Start-up Seed Funding

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk