Менаџмент анализа на клучни деловни финансиски извештаи

Finance Management

Сметководствените и финансиските анализи ќе ви помогнат вие и вашиот тим да ги управувате основните финансиски активности и да донесувате подобри, попрофитабилни одлуки.

Поголемите компании изработуваат квартални и годишни финансиски извештаи, кои ги ставаат на располагање на акционерите и јавноста што сака да инвестира. И помалите компании можат да ги користат финансиските извештаи за презентирање на финансиски перформанси и капацитети на надворешни соработници вклучувајќи инвеститори, доверители, добавувачи и клиенти.

Постојат три основни финансиски извештаи за да се прикажат финансиските перформанси на компанијата/организацијата. Менаџерите и менаџмент тимот е потребно да знае да ги анализира и презентира основните финансиски извештаи за да се прикажат финансиските перформанси на компанијата/организацијата.

1. Билансот на успех опфаќа одреден временски период (како што е квартал или една година).

Во билансот на успех >>> Приходи - Расходи = Нето приход

Во согласност со International Financial Reporting Standards (IFRS) - Меѓународен Стандард за Финансиско Известување (МСФИ), приходите секогаш се евидентираат во периодот на продажба на стоките и услугите, што можеби не е истиот период кога всушност се примаат пари.

2. Билансот на состојба е извештај за средства и обврски на крајот на периодот на пресметување. Со други зборови, билансот на состојба е финансиски преглед во одредено време.

Во билансот на состојба >>> Средства = Обврски + Акционерски капитал.

Aкционерски капитал е износот на финансирање обезбедено од работењето (задржаната заработка не дистрибуирана до акционерите) и од акционерите кои реинвестираат преку вложување капитал.

3. Cash Flow анализа го покажува реалниот проток на готовина во компанијата во и надвор од компанијата за одреден временски период, за разлика од нето приходот од билансот на успех, што е безготовински број. Во Cash Flow извештајот се прикажани приливи на пари од оперативни активности, активности за инвестирање и активности за финансирање.

Инструктор на работилницата „Менаџмент анализа на клучни деловни финансиски извештаи „ е Г-ѓа Весна Хриџиќ , менаџер на DDV Consulting Ценетите гости ќе разменат искуства и воспоставена пракса за подготовка и анализа на клучни финансиски извештаи во своите компании и организации.

КОЈ МОЖЕ да пријави учество ?

Семинарот е отворен за сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување деловни контакти. Можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост но и приватни лица. ProExcellent е сертифицирана тренинг програма за размена на деловно искуство и воспоставена пракса на компаниите и организациите.

Отворена група се реализира во пет дена дена (секоја среда) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

Интерните групи или индивидуална менторска програмата се реализираат со пет предавања по 120 мин, пет недели во ист термин или како викенд програма во термин по договор.

Групите се со максимално 6 учесници - реализацијата on-line или со примена на сите здравствени протоколи.

ПРОТОКОЛ ЗА ЗАШТИТА од Coronavirus

Ве информираме дека секој учесник на семинарот ќе мора да го пополни прашалникот за евалуација на здравствена состојба, даден во прилог, пред да му биде овозможен непречен влез во просторијата на семинарот.
На лица кои нема да ја пополнат прашалникот и нема да го следат Протоколот на Комората на Мал Бизнис нема да им биде дозволено да учествуваат на семинарот.
Бројот на учесници е ограничен согласно протоколите за минимална физичка дистанца меѓу учесниците и големината на просторијата за реализација.

-------------------------------------------------------------------

Ве молиме во период 48 часа до почеток на семинарот да го доставите пополнет прашалникот за евалуација на здравствена состојба даден на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prasalnik%20CORONAVIRUS_0.doc !!!

------------------------------------------------------------------

Пријавување учество со пријавата дадена на банерот СНИМИ ПРИЛОГ или линкот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Menagment%20analiza%20na%20finansiski%20izvestai.doc , која ќе ja доставите на е-маил: info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077, 070 223 686. Котизацијата за учество е со 10% попуст за пријавени повеќе учесници од иста организација.

КОТИЗАЦИЈА: 6.150,00ден.

  1. Среда, Октомври 14, 2020

    On-line интерни групи и индивидуално менторство од Септември 2020

    Отворена група од Октомври 2020 -
    пет предавања (секоја среда) од 17.30 - 19.30 часот

    Менаџмент анализа на клучни деловни финансиски извештаи

    Програма:
    - Биланс на успех,
    - Биланс на состојба,
    - Cash flow анализа

    Индивидуално менторство ќе се реализира со пет предавања по 120 мин. во термини по договор.

    Котизација (менторска програма или интерна група)

    Котизација за реализација на семинарот е 27.500,00 ден./групи до 5 учесници. Доплата за дополнителни учесници: 5.000,00 ден / учесник.

    Котизација (отворена група)

    Котизација за учество на отворена група за семинарот е 6.150,00 ден./учесник

10/14/2020
To event remaining 22 days
Add to Calendar