ОБУКА И ВРАБОТУВАЊЕ МАШИНО-БРАВАРИ и ОПСЛУЖУВАЧИ НА CNC МАШИНИ

Deutsch Technische Club во соработка со металопреработувачка индустрија

ПОВИК ЗА ОБУКА И ВРАБОТУВАЊЕ МАШИНО-БРАВАРИ и ОПСЛУЖУВАЧИ НА CNC МАШИНИ

Комората на Мал Бизнис во соработка со металопреработувачките претпријатија: МЗТ алатни машини, Делма, Феромонт Инжинеринг, Ива Монт и Урум организира дуална обука за Машино-бравари и Опслужувачи на CNC машини. Обуката е бесплатна за евидентирани невработени лица во Агенцијата за вработување на РСМ.

ОБУКА ВО ТЕОРИЈА И ПРАКСА

Обуката е поделена на теоретски и практичен дел. Практичниот дел се реализира во објектите на претпријатијата под надзор на ментор. Обуката се реализира дуално, 30% теоретска настава, 70% практична настава. Следниве области се разработени со програмата за обука:

МАШИНО-БРАВАРИ и ОПСЛУЖУВАЧИ НА CNC МАШИНИ (заедничка програма)

- Запознавање со прописите со кои се регулира безбедноста на работното место и на животната средина.
- Запознавање за хемиската структура на материјалите.
- Механички и технолошки својства на металите и неметалите.
- Постапки за рачна обработка и механички технологии за обработка на металите со помош на соодветен рачен алат.
- Вовед во технолошкиот процес на технолошките постапки со обработка на металите со симнување на струшка со постапките:
1. Обработка со лееење;
2. Обработка со пластична деформација;
3. Теорија на режење;
4. Обработка со стругање;
5. Обработка со стругање;
6. Обработка со дупчење;
7. Обработка со провлекување;
8. Обработка со рендисување;
9. Обработка со точење;
10. Неконвенционални методи на обработка.
11. Електролачно заварување со обложена електрода (ММА-Manual Metal Arc Welding). 12. Електролачно заварување со жица која се топи во заштитно подрачјена (инертен гас) плин,аргон,хелиум...(МIG-Metal inert gas).
13. Електролачно заварување со жица која се топи со ,,активност на гасот“ со чист CO2 гас или во мешавина на аргон и CO2 или мешавина на аргон и O2..(МAG-Metal aktive gas) .
14. Електролачно заварување соволфрамова жица која се топи во заштитно подрачјена (инертен гас)плин или под прашок,(TIG-Tungsten Arc Welding-GTAW).
15. Окси-Гориво(Оксиацетиленско заварување или гасно заваување и сечење со окси-гориво) со помош на горивни гасови и кислород.

ОПСЛУЖУВАЧИ НА CNC МАШИНИ (дополнителна програма)

- Вовед во CNC струг и CNC фрез машина (NC-Машини) во технолошкиот процес на металопреработувачката индустрија.
- Вовед во техничката документација за CNC струг и CNC фрез машина (NC-Машини) во технолошкиот процес на металопреработувачката индустрија.
- Вовед во технолошкиот процес за CNC струг и CNC фрез машина (NC-Машини) во металопреработувачката индустрија.
- Вовед во технолошкиот процес за CNC струг и CNC фрез машина (NC-Машини) во металопреработувачката индустрија со запознавање со компјутерските и софтверските алатки CAD/CAM (Computer Aided Design–компјутерски подржано проектирање - дизајн/ Computer Aided Manufacture - компјутерски поддржано производство), и стекнување на искуство со читање и менување G - code е предност во компанијата .
- Вовед во технолошкиот процес на мерната техника за CNC струг и CNC фрез машина (NC-Машини) во металопреработувачката индустрија со запознавање со компјутерските и софтверските алатки CAD/CAM (Computer Aided Design–компјутерски подржано проектирање - дизајн/ Computer Aided Manufacture –
компјутерски поддржано производство), и стекнување на искуство со читање и менување G – code, во компанијата.

Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ која помага во избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување во претпријатијата. Надзорот и сертифицирањето според Германските стандарди на дуално образование.

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО И ВРАБОТУВАЊЕ

Обуката се реализира со цел обука на дефицитарен кадар за потребите на претпријатијата: МЗТ алатни машини, Делма, Феромонт Инжинеринг, Ива Монт и Урум и на учесниците на обуката ќе им биде понудено вработување.

Сите заинтересирани за учество во програмата ги повикуваме заклучно со 20 Декември 2019 г. пополнета пријавата дадена на линкот https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20%20Masino-brav... да ја достават на е-маил: info@sbch.org.mk пополнета пријавата дадена на линкот заедно со актуелно CV.

Контакт лице Едвард Софески 070 223 686 или edwards@sbch.org.mk

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТПРИЈАТИЈА

Ги повикуваме претпријатијата со металопреработувачка дејност и заинтересиран кадар за стручна обука и вработување за учество на програмата „Дуален тренинг со активни мерки за вработување„ која ја организираат Комората на мал бизнис со Агенцијата за вработување.

Компаниите можат да обучуваат, квалификуваат и пре-квалификуваат сопствен кадар за дадените програми и да обучат нов кадар кој ќе можат да го вработат. Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за Вработување на РСМ која овозможува избор на соодветен кадар и програма за поддршка со активни мерки за вработување.
Заинтересираните претпријатија за активно учество во програмата предходно во непосредни контакти и состаноци ќе бидат информирани за модуларниот пакет за сертифицирана тренинг теоретска и практична обука во организација на Германски Технички Клуб во Комората на Мал Бизнис. Компаниите можат да обучуваат, квалификуваат и пре-квалификуваат сопствен кадар за дадените програми и да обучат нов кадар кој ќе можат да го вработат.

Информации на тел.070 223 686 или по е-маил info@sbch.org.mk

Програмата вклучува локални курсеви за стручно образование кои се релевантни за локалниот пазар на труд и имаат дуален карактер. Обуките се реализираат дуално:

- теоретската настава во соработка со тренинг провајдер од Стопанската Комора на Мал Бизнси кој ќе обезбеди инструктори со релевантно професионално искуство и ќе реализира обука со соодветни професионални и интерперсонални стандарди
- практичната индустриска настава се реализира во компаниите

Ги молиме заинтересираните компании да го пријават учеството во програмата заклучно со 16 Септември 2019 г. со пополнување на пријавата во Германскиот Технички Клуб (дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Germanski%20Teh...), која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании од металопреработувачка дејност и поединци заинтересирани за учество во обуките со можност за вработување. Почнувајќи од Јануари 2020 ќе се реализира циклус обуки за:

- машино- бравари
- опслужувачи на CNC машини

ЗАБЕЛЕШКА:

- Активно учество на компаниите во програмите на Deutsch Technische Club е ограничено за Standard и Premium членки на Комората.

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех

Small Business Chamber - business success networking

Германски Технички Клуб

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113

1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686

info@sbch.org.mk

www.sbch.org.mk