Германски Технички Клуб / Deutsch Technische Club

PREMIUM членките на Комората на Мал Бизнис кои имаат воспоставена деловна релација со компании и организации од Сојузна Република Германија се иницијатори и оснивачи на Германскиот Технички Клуб (ГТК). Се повикуваат и останатите членки на Комората на Мал Бизнис за вмрежување во Германскиот Технички Клуб (ГТК), планирање и реализација на Програмата на ГТК.

ГРУПАЦИИ ВО ГЕРМАНСКИ ТЕХНИЧКИ КЛУБ

- Мали Хидроелектрани Западен Балкан
https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%...

- Групација за производство, продажба, одржување и монтажа на котли
http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B...

-------------------------------------------------------------------------------------------------

Supply Chain Due Diligence Act (GSCA) | Lieferkettensorgfaltspflichtengesetz [LkSG]

Од 1 јануари 2022 година во Германија стапува во сила Законот за добавувачи , каде што компаниите кои сакаат да извезуваат во Германија и да бидат добавувачи на германски компании треба да исполнуваат одредени стандарди, како што се стандарди во однос на почитување на човекови права , работнички права и заштита на животната средина при производството. Компаниите треба да го почитуваат и агендата на Зелениот Договор на ЕУ за заштита за животната средина.

Што треба да направат бизнисите ?

Законот бара од компаниите да ги идентификуваат, спречат и да ги решат злоупотребите на човековите права и животната средина во рамките на нивните операции и нивните директни добавувачи. Законот бара од компаниите да воспостават процеси за идентификување, проценка, спречување и отстранување на ризиците и влијанијата од човековите права и животната средина во нивните синџири на снабдување и во нивните сопствени операции. Тие, исто така, мора да се погрижат да обезбедат начини за вработените во индиректните добавувачи (добавувачи со кои немаат директна комерцијална врска) да поднесат жалба со која ја предупредуваат компанијата за кршење на човековите права или животната средина.

Зелено деловно сертифицирање и анализи за општествена одговорност

Eco-En Cert e воспоставена преку ЕУ проект. и согласно ISO 26000 препораките, и претставува сертификационa шема за зелени општествено одговорни проекти и одржливи деловни практики на компании и организации. http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

Членки на Комората на мал бизнис ќе бидат дел од 25 зелени сертификации ко-финансирани со проектот ConsumersFORsustainability

За потребите на Германските компании согласно законот Lieferkettensorgfaltspflichtengesetz [LkSG] за изработка на Corporate Social Responsibility Report и мониторинг на добавувачите за грижа за вработените и општествена одговорност кон заедницата Комората на Мал Бизнис на своите членки им нуди верификација и воспоставување на Зелено деловно сертифицирање и изработка на анализи за општествена одговорност.

----------------------------------------------------------------------------------------------

Виртуелно информативно патување - „Обновливи извори на енергија и Енергетска ефикасност во згради“ на 23 Ноември 2021 г.

Виртуелното “патување” е организирано од страна на консултантската куќа „energiewaechter GmbH“ од Германија, во соработка со Делегацијата на германското стопанство во С. Македонија, а под покровителство на Сојузното Министерство за економија и енергетика на СР Германија.

Пријавување заклучно со 16 Ноември 2020 г.

Учесници:

- Ferdinand Elsäßer, energiewaechter GmbH
- Marco Schmidt, Bundesinstitut für Bau-, Stadt- und Raumforschung
- Alfred Schulz, StrawTherm Gmbh
- Frank Ridel, Inter Engineering
- Wolfgang Bonder, MIG Material Innovative Gesellschaft
- Volfram Malov, CLIBTec Ingenieurbüro
- Christof Schmid, Global Assistance
- Torten Kramer, eco2heat GmbH

За повеќе информации ве молиме слободно да не контактирате.
-------------------------------------------------------------------------------------------------

Работен состанок со Г-н Alfred Schulze , StrawTherm, www.strawtherm.com на 21 Септември 2021 година

Германскиот Технички Клуб при Комората на Мал Бизнис ги повикува заинтересираните членки и Групацијата на Металопреработувачи на работен состанок со претставникот на производителот на котли на биомаса - StrawTherm од Германија која ќе се реализира на 21 Септември 2021 год. во Скопје. Воедно го обновуваме Повикот за под-изведувачи за производство. монтажа и одржување на топлотни котли и топлотни системи. Пријавување со пополнување на пријавата дадена на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Germanski%20Teh...

Ве молиме пријавете учество заклучно со 15 Септември 2021 год.

--------------------------------------------------------------------------------------------------

Вебинар ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС СО ГЕРМАНИЈА
12 Мај 2021 год.

Со големо задоволство Ве поканувамe на онлајн едукативен веб-семинар на тема „Предизвици за водење бизнис со Германија: Искуства од претходни успешни проекти“ организиран од Матрона Конс во соработка со Експорт-Академија Баден-Виртемберг. Семинарот ќе се одржи на 12-ти мај 2021 година од 13:00 до 14:00 часот, на платформата за zoom.
За да се регистрирате за учество можете да ни пишете на info@matronacons.com или да го пополните формуларот за регистрација на следниов линк: (https://forms.gle/qiosXA823X4WMCrf7 )

Во време кога условите за работа се менуваат како резултат на КОВИД-19 и имајќи предвид дека извозот е еден од најважните фактори за успех и развој на компаниите на ограничени пазари како нашите, Матрона Конс со задоволство Ве информира дека овој онлајн веб-семинар ќе биде бесплатен за учество на вашата компанија.

Со овој веб-семинар ја преставуваме Експорт-Академија Баден-Виртемберг во Македонија, кои со нивното големо искуство можaт многу да помогнат во меѓународната едукација на компаниите. Експорт-Академијата лоцирана во Тибинген е основана во 1984 година од страна на државната влада на Баден-Виртемберг. Со тим од 10 високо квалификувани луѓе, спроведуваат едукативни, консултантски и истражувачки активности за меѓународно управување и технологија. Од 2008 година академијата работи како приватна компанија и главниот фoкус на академијата е развој и имплементација на проект-интегрирани комбинирани концепти за учење и обука на менаџери и директори (http://www.eabw.org).

Типични предизвици за водење бизнис со Германија
Рамка за развој на меѓународен бизнис и начини за зголемување на перформансите на меѓународниот пазар
Пишана деловна комуникација со германски компании и решенија за контакт со германски претприемачи преку е-пошта

Ова се дел од темите кои ќе бидат презентирани од експертите на Експорт-Академија Баден-Виртемберг. Нашиот главен предавач, Проф д-р Бертрам Ломилер (Bertram Lohmüller) е директор на Експорт-Академија Баден-Виртемберг, GiMA Консалтинг и Глобалниот институт СГИТ Штајнбејс, Тибинген | Штајнбејс-Хохшуле Берлин. Проф. Ломилер студирал градежништво, меѓународен маркетинг и неговиот докторат обработува теза за клучниот двигател на иновациите на производите во германската производна индустрија. Како консултант, со текот на годините, обучил повеќе од 2000 врвни менаџери од целиот свет. Тој е специјализиран за корпоративна стратегија, трансфер на технологија, управување со иновации и меѓународен бенџмарк.

Во рамки на веб-семинарот Др.Љупчо Велески – директор на Секторот за извоз во ВИТАМИНКА, ќе презентира практични искуства за успешен пласман на FMCG производи на германскиот пазар.

-------------------------------------------------------------------------------------------------
ПОВИЦИ 2020 г.

24 - 25 Ноември 2020 година

Виртуелно информативно патување - „Енергетска ефикасност во згради“

Виртуелното “патување” е организирано од страна на консултантската куќа „energiewaechter GmbH“ од Германија, во соработка со Делегацијата на германското стопанство во С. Македонија, а под покровителство на Сојузното Министерство за економија и енергетика на СР Германија.

Пријава на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/IR_MKD-RKS_Formular%20za%20pr...

Програма на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Programa_Energetska%20efikasn...

30 јуни 2020 година
Oнлајн-конференција на тема „Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во индустријата во Македонија” 30 јуни 2020 година. Заинтересираните ќе добијат линк за регистрирање учество на онлајн-конференцијата која ќе се одржи преку платформата Zoom.
АГЕНДА >>>
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/AHK-GR_MK_Online%20Konferenz%...

Делегација за Интернационален Саем во Солун, Грција - 7-8 Септември 2020 >>>
http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D1%86...

Атина, Грција 30 Септември - 2 Октомври 2020 г. - Деловна делегација и учество на годишна EUREM конференција >>>
http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%8...

EUREM MK - BEYOND 2020
https://www.youtube.com/watch?v=yF0U7AiZuV8
Заклучоци од конференцијата ENERGY SAVING 2020
--------------------------------------------------------------------------------------------------

Оснивачка Сесија - 4 Февруари 2017 г.

Иницијативи и предлози за програмата ГТК 2017 сите заинтересирани можат да ги предложат во пријавата за учество на работилницата на 4 Февруари 2017 год.

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, останати организации и засегнати страни инволвирани во креирање на деловната и техничката соработка помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.

----------------------------------------------------------------------------------------------------

ГЕРМАНСКИ ТЕХНИЧКИ КЛУБ ПРОГРАМИ :

Енергетика и Енергетска Ефикасност

- Програма за поддршка на соработка во област на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија - Mittelstand Global - Exportinitiative Energie

- Проекти и инвестици за енергетска ефикасност Energieinstitut der Wirtschaft

- European Energy Manager (EUREM обука) http://www.energymanager.eu/

Интегрирање на Процеси и Автоматизација
- Институт за производствени системи и автоматизација http://www.faps.de/2/home/index.html

Информатичка Технологија

- Програми за поддршка на иновативни проекти - NFFX Business Support Center http://www.n-f-excellence.de/

Вмрежување, извозна поддршка и посредништво

- Германска иницијатива за пронаоѓање добавувачи од Западен Балкан http://www.bme.de/

- Делегациски посети во Германија http://www.sbch.org.mk/novosti?page=3

- Networking настани и стручни семинари http://www.sbch.org.mk/events-page

- Комуникација и PR http://www.xtrovertmedia.se/

- Меѓународни извштаи за бонитет на деловни партнери www.mkb.mk

- Кредитно осигурување на извозни побарувања (пред и по испорака) и факторинг (одложено плаќање) www.mbdp.com.mk

----------------------------------------------------------------------------------------------

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ:

- Пријава за учество во Германскиот Технички Клуб на
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Germanski%20Teh...

-----------------------------------------------------------------------------------------------

Проекти:

1. Интернационализација на програми за ИТ истражување и развој со иницирање институционални реформи во системот на истражување и развој

Согласно Првиот Столб за обезбедување бизнис поддршка на ИКТ компаниите од Акцискиот План на краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 за користење на ЕУ фондовите HORIZON 2020 и COSME , и Согласно препораките на Краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 за подобрување на системската конкурентност – меѓународна конкурентност на македонската ИТ индустрија на Мезо-ниво предвидено е поголемо вклучување на ИКТ компании во проекти за меѓународна соработка. Таргетирани се проекти за Истражување и развој (R & D) и проекти за пристап до капитал и финансирање на компаниите. Како негативни показатели за интернационализација на настапот на Макеоднските компании се перцепцирани:
- недостаток на знаење, подготвеност, искуство, модел итн. за соработка помеѓу македонските ИТ компании и воспоставување соработка базирана на Јавно-приватно партнерство со државниот сектор - ниска употреба на можности за финансирање за бизнисите преку средствата понудени од страна на меѓународните институции, фондации и програми.

Со цел поттикнување подобра искористеност на Европските програми за иновации и развој потребно е воспоставување на процес на анализи, дијалог, меѓусебно информирање и учење на засегнатите страни, особено со претставници на истражувачки мрежи, организации на иноватори и иинституционалните претставници.
Проектот кој се предлага овозможува дијалог за политиките на ИТ развој со вклучување релевантни засегнати страни на три нивоа:
носителите на одлуки,
институциите за имплементација и
оперативните структури.

Преку размена на мислења, дискусија и меѓусебно информирање меѓу релевантните засегнати страни, ќе бидат обликувани препораки за политиките за институционална реформа и примена, и ќе се утврдат активностите за имплементација за успешно надградба на политиките.

Извор за финансирање: Делегација на ЕУ

2. Студија за воспоставување Глобална Иновативна Платформа за поддршка на развој на инкубатори и акцелератори со инвестициски фондови и финансиски инструменти на ризичен капитал за поддршка на развојот на ИКТ start-up и spin-off компании и проекти

Согласно Првиот Столб за обезбедување бизнис поддршка на ИКТ компаниите од Акцискиот План на краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017, и Согласно препораките на Краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 за поддршка на иницијативи за развој на инкубатори и акцелератори предлагаме проект – изработка на Студија за развој и дефинирање на бизнис модел на финансирање со инвестициски фондови и финансиски инструменти на ИКТ start-up и spin-off компании и проекти.

Студијата ќе предложи организациски мерки за синергија на засегнатите страни и воспоставување на Глобална Иновативна Платформа за препознатливост (градска, регионална или на државата) за привлекување инвестициски фондови и финансиски инструменти за поддршка на развојот на ИКТ start-up и spin-off компании и проекти.

Со студијата ќе се испланираат активности за меѓусебна соработка на акцелераторите, инкубаторите, локалните власти, големите компании и фондови со ризичен капитал за да ги поттикнат стартапите и да ги решат предизвиците за одржлив развој на градот/регионот. Со цел тестирање на предложената платформа ќе се развие пилот-проект за прототип на финансирање развој на софтвер за Cloud computing модел на апликации наменети за пазарите на Скандинавија и Германија.

Извор за финансирање: УСАИД, Светска Банка, Здруженија на Бизнис Ангели

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk