Делегација за Интернационален Саем во Солун, Грција - Септември 2020

Покана за учество во делегација и
УЧЕСТВО НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ СОЛУН 7-8 СЕПТЕМВРИ 2020

Ве повикуваме за пријавување учество во делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис која се организира на иницијатива на Германскиот Технички Клуб во соработка со Германско-Грчката Индустриска Стопанска Комора (Deutch-Griechische Industri und Handelskammer) и Adriatic Business HUB. Целта на делегација е остварување конкретни деловни контакти и договори за деловна соработка со представници на Германското и Грчкото стопанство за конкретни предлог проекти и бизнис концепти.

Thessaloniki International Fair 2020 https://tif.helexpo.gr/en

GERMANY HONORED COUNTRY

Германија ќе биде почесна земја на настанот, а при подготовките за учество на Германски претставници има огромен интерес, со што се потенцира довербата на најголемата европска економија учесник на претстојниот Саем. Националниот германски павиљон е целосно пополнет и ќе биде домаќин на 63 бизниси и агенции, привлече учесници од најголемите сектори на германската економија, како што се автомобилската индустрија, енергетиката, транспорт и логистиката, фармацевтската индустрија, агро-нутрицијата, ИТ-софтвер, воздушен транспорт, управување со отпад и заштита на животната средина, итн.

Покрај тоа, во изложувачите ќе се вклучат важни тела што ја претставуваат германската економија, бизнис, образование и култура. B2B средбите помеѓу германските и грчките бизниси ќе имаат посебна позиција во програмата на саемот.

ГЕРМАНСКИ ТЕХНИЧКИ КЛУБ - Deutsch Technische Club
http://www.sbch.org.mk/platformi/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1...

КОТИЗАЦИЈА И ТРОШОЦИ ЗА УЧЕСТВО

-Деловна делегација Солун - 7-8 Септември 2020 -

Котизација за учество во предстојната деловна делегација изнесува 100 ЕУР за не-членки на Комората (воедно и годишна Standard чланарина) , нема котизација за Standard и Premium членови кои имат уплатено чланарина за 2020 год.
(котизацијата се однесува на организирање на деловните состаноци и логистика на делегацијата). Хотелските трошоци - ноќевања, транспортни трошоци и влезници за саем учесниците во делегацијата самостојно ги подмируваат.

Во договор со учесниците на делегацијата се организира самостоен или групен транспорт со мини-бус и резервација на ноќевањата.

Повикани за учество се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОТВРДА

Ве молиме да го пријавите Вашето учество во деловната делегација со пополнување на формуларот, даден на линкот подоле кој ќе го доставите на е-маил: info@sbch.org.mk Контакт тел. 070 223 686.

Formular za prijavuvanje ucestvo vo delegacija Solun 2020 >>>
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Formular%20za%20prijavuvanje%...

Потврда за учество со уплата на котизацијата (чланарина) заклучно 21 Август 2020 г.

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

ГЕРМАНСКИ ТЕХНИЧКИ КЛУБ - Deutsch Technische Club

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk