Изработка на инвестициски програми за технолошки развој

Комората на Мал Бизнис на членките им овозможува поддршка за подготовка на проектни концепти и програми за поддршка од инвестициски и донаторски фондови за „зелени„ инвестиции, дигитализација и модернизација на деловното работење.

Ги повикуваме членките за учество во тековните Twin Green & Digital програми:

1. Ве повикуваме за учество на семинарот: „Инвестициски Анализи во Excel„ со реализација на 18 Септември 2021 год. од 10.00 часот. Семинарот под менторство на Г-н Владимир Матевски - раководител на „Центар за финансирање и менторска поддршка„ ќе се фокусира на анализа на економската ефикасност при подготовка на инвестициски програми.

Семинарот „Инвестициски Анализи во Excel„ е воедно работилница за подготовка на финансиската анализа на инвестициони програми. Учесниците за време на работилницата можат да работат и да ја анализираат инвестицијата за својот проектен концепт.

Програма на семинарот и пријавата се дадени на линкот >>> http://sbch.org.mk/content/%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1...

Забелешка:

Компаниите кои ќе пријават учество на претстојната on-line обука за Практично Семтководство од 30 Септември 2021 г. ќе можат да ја проследат работилницата „Инвестициски Анализи во Excel„ без котизација. Програма и пријавување за обуката за Сметководство на следниот линк >>> http://sbch.org.mk/content/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%87%D0...

2. Јавен конкурс за инструмент за поддршка: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации објавен од Фондот за иновации и технолошки развој со рок на аплицирање 15 Октомври 2021 год.

Нашите тимови ја подготвуваат целосната документација за изработка на апликациите во краток рок.

3. Ве повикуваме за пријавување учество на BEYOND 4.0- дигитална технологија и иновации 14-16 Октомври 2021 во Солун, на иницијатива на Smart Digitalization Cluster https://www.youtube.com/watch?v=rTo8ncOhoXA во соработка со Германско-Грчката Индустриска Стопанска Комора (Deutch-Griechische Industri und Handelskammer). https://be4ond-expo.gr
Повик на линк >>> http://sbch.org.mk/povici/beyond-40-%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%D0%BD%D0%B0...

4. Видео презентација на софтверот SmartQA за управување со системите за контрола на квалитет ISO50001, ISO14001 и проектно администрирање.

https://youtu.be/O4gNG1xwOto

По ваше барање и согласно вашите интерни процедури по наведените стандарди може да подготвиме интерна презентација со примери на имплементирани процедури од вашата компанија. Контактирајте не на е-маил info@sbch.org.mk

5. Центарот за Финансирање и Менторска Поддршка и Adria Finance HUB финансиската платформа на Комората на Мал бизнис за вашето претпријатие можат да изработат бизнис план за реконструирање и/или реструктуирање и проекти за технолошки развој: дигитализација, зелени и циркуларни програми со подготовка на целосна документација за апликација за финансирање

Нашите тимови ја подготвуваат целосната документација за изработка на апликациите во краток рок.

Ги повивкуваме заинтересираните претпријатија од Северо-Источен. Западен и Југо-Западен регион на Македонија да пријават интерес за поддршка за изработка на енергетски-аудит и/или учество во обука за изработка на техничко решение за заштеда на енергија. Проектот е координиран од претставништвото на GIZ (The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit)

За поддршка може да се пријават претпријатија од сите сектори, мали и средни претпријатија кои се Standard или Premium членки на Комората на Мал Бизнис.

ПРИЈАВУВАЊЕ КОНЦЕПТИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

Ве повикуваме со допис на е-маил: info@sbch.org.mk да ни доставите информации за вашите проектни концепти за технолошки развој. Контакт тел. 070 223 686, (02) 244 8077. Пристапница за зачленување во Комората е дадена на линкот >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_5.doc

Повик на линк >>> http://sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D...

Погледнете го краткото видео за Европската Грантова шема 2021: https://www.youtube.com/watch?v=UfXs0BwwSc4

Adria Finance HUB го комбинира менаџментот со ризичен капитал, достапните фондови, ESCO-инвеститори, EU и интернационални донори, државни шеми за субвенционирање, обуки, менторство и консултантство во интегрирана Платформа за трансформирање на знаењето во претприемнички управуван раст и развој. Повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/platformi/adria-finance-hub

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk