Иницирани проекти за обновливи извори на енергија, делегација на Комората 13-14 феврари 2017

Делегација на Стопанската Комора на мал бизнис на Македонија и Општина Македонска Каменица на 13-14 февруари 2016 год. оствари посета на повеќе компании и институции во Република Словенија кои се занимаваат со проектирање и производство на котли на биомаса за системи за загревање и когенеративни системи. Направен е увид и на работењето на топланата за централно греење на градот Вранско во близината на Љубљана. Иницирани се проекти за споделување практични искуства за финансирање и проектирање системи за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со Institut Joze Stefan - водечки институт за енергетика и нуклеарни технологии, дел од мрежата EUREM , партнер на групацијата EUREM MK во Комората на мал бизнис и Словенечкиот Фонд за енергетска ефикасност Eco Fund кој располага со портфолио од 295 милиони евра.