Деловна делегација на Стопанската Комора на мал бизнис на Македонија од 3-7 октомври 2016 год. во Словенија

Делегација на Стопанската Комора на мал бизнис на Македонија од 3-7 октомври 2016 год. оствари посета на повеќе компании и институции во Република Словенија. Посетени се неколку компании кои изминатиот период на покана на Комората имаат остварено деловни посети и презентации во Македонија - Rihter - производител на енергетски ефикасни и пасивни монтажни објекти, Kronoterm - производител на топлотни пумпи, Kager - производител на енергетски ефикасни и пасивни монтажни куќи, Menerga - производител и систем интегратор на системи за климатизација и building smart системи, Energetika - институт за специјални котли за согорување на биомаса. Обновени се контактите со Institut Joze Stefan - водечки институт за енергетика и нуклеарни технологии, дел од мрежата EUREM , партнер на групацијата EUREM MK во Комората на мал бизнис. Воспоставени се првични контакти, презентирани и иницирани проекти во Приватниот Инвестициски Фонд Meta Group и Словенечкиот Фонд за енергетска ефикасност Eco Fund.