Работилница на Групација за женско претприемништво 27 декември 2016

Д-р Катерина Вељановска-Блажевска (Претседател на Собранието на Комората на Мал Бизнис) - покровител на Групацијата за Женско претприемништво во Комората на Мал Бизнис на сесијата на 27 Декември 2016 год. ги представи програмите на партнерските организации кои поддржуваат проекти на жени претприемачи вклучени во менаџментот или во сопствеништвото на мали и средни претпријатија:
Со програмите на EBRD може да се поддржи консалтинг услуга за изработка на проекти со донација од 50% (до 70% за жени претприемачи) од вредноста на проектот
Со програмите на Шведските донаторски организации директно се поддржуваат проектите за женско претприемништво, социјална одржливост, медицинска поддршка и рехабилитација и проекти на интеграција на целни групи

Со ценетите гости ќе сподели и размени искуства и воспоставената пракса од партнерските организации од Македонија (женско претприемништво) и организацијата Xtrovert Media од Шведска. Мотивациски говори и представување на матичните организации реализираа:

- Д-р Благица Сековска , професор, Факултет на ветеринарна медицина
- Ленка Угриновска, претседател, ЕЛИТ асоцијација на жени менаџери
- Снежана Петковска, адвокат
- Ѓорѓи Димовски, претседател, Neurodiversity, Macedonia

На настанот беа предадени завршните сертификати од обуката European Energy Manager EUREM на женските учеснички од последната група која обуката ја заврши во октомври 2016 год.

- Софија Грујевска
- Татјана Ушинова
- Тамара Ристова

Планирањето на проектот за комуникациска кампања (комуникациско планирање) и продажба беше централна тема на вториот дел од сесијата (работилница) каде Д-р Катерина Вељановска-Блажевска ќе презентира прoeкт за изработка на комуникациски план.

со ценетите гости ќе сподели и размени искуства и воспоставената пракса од партнерските организации од Македонија (женско претприемништво) а, Црна Гора (градежништво и туризам) , Турција (Асоцијација на жени претприемачи), Словенија и организацијата Xtrovert Media од Шведска.