Македонски ден за енергетска ефикасност 2017

Македонски ден за енергетска ефикасност 2017 (Macedonian Energy Efficiency Day 2016) како еднодневен настан се реализира во Скопје на 3 Март 2017 г. во организација на Стопанската Комора на Мал Бизнис на РМ, поддржано од Индустриската Комора на Нинберг, Германија, http://www.energymanager.eu/ ; Институт Јозеф Стефан - Центар за Енергетска Ефикасност, Љубљана, Словенија; Енергетски Бизнис Институт, Виена, Австрија; Мета Групација, Италија; 8-ма Меѓународна Конференција на европски енергетски менаџери и Здружението „ЕУРЕМ МК„ На настанот на беше промовиран регионалниот проектен концепт кој Комората на Мал Бизнис го подготвува да го поднесе до Отворен фонд за југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH Исто така добиена е покана, од Италијанскиот ко-организатор, за пријавување предлог програма на Комората на Мал Бизнис за учество на предстојниот Бизнис Форум за проекти поддржани од иницијативата Берлински Процес во Трст, Италија. Презентирани се и неколку инфраструктурни проектни идеи од представници на Општините Кочани, Виница ,Чешиново-Облешево и Старо Нагоричане, со дискусија за подготовка на заеднички регионални проектни апликации и иницијатива за создавање заеднички регионални структури за подготовка на проектни апликации за достапните извори на финансирање.