ROADSHOW во Чешка, Австрија и Словенија 5-9 Ноември 2018

Делегација на Комората на Мал Бизнис реализираше успешна промоција и ROADSHOW во Чешка, Австрија и Словенија 5-9 Ноември 2018. Учесници во делегацијата беа менаџери и извршни менаџери на компаниите: Алкалоид АД, ЕЛЕМ АД, Тетекс АД, Тинекс, АГ Инжинеринг, ЕКО Контрол, Вардар Доломит. Делеагацијата учествуваше на деветата меѓународна ЕУРЕМ конференција во Прага организирана од Чешко-Германската Стопанска Комора на која презентација имаа двајца претставници од делегацијата. Се потврди успешната соработка со Индустриската Комора на Нинберг и Енергетскиот Институт на Виена. Делегацијата во Австрија реализираше целодневна посета на градчето Гусинг и повеќе објекти кои придонесуваат за прогласување на Гусинг како енергетскине зависна општина. Делегацијата се презентираше и пред Индустриската Регионална Стопанска Комора на Штаерска во Марибор. Делегацијата посети и неколку компании во Марибор и Цеље, а го посети и Институтот Јожеф Стефан во Љубљана.