EUREM MK Alumni посета на ф-ка КОСТАЛ Македонија на 15 Мај 2021 г.

На покана од колегата во EUREM MK Alumni - Зоран Филоски во сабота 15 Мај 2021 реализиравме посета на фабриката КОСТАЛ Македонија во близината на Охрид. Учесници беа тековни и поранешни ЕУРЕМ студенти, членки и соработници на Стопанската Комора на Мал бизнис.

Беа презентирани постројки за енергетска ефикасност во кругот на фабриката, погоните за производство и беа презентирани планирани инвестициски проекти - воедно се реализира kick-off настан за проектна соработка на Костал со Smart Digitalization Cluster. Во оваа прилика беа доделени завршните сертификати за енергетски менаџери на учесниците од ЕУРЕМ тренингот - генерацијата 2019/2020.

По завршување на програмата во Костал, во организација на Протерм-Охрид се посети деловен објект во фаза на реконструкција на градежна обвивка во Охрид за увид над работите за реконструкција на истите согласно принципите на енергетска ефикасност. Потоа следеше посета на туристичко -угостителски објект во Вевчани каде е реализирана реконструкција при што се постигнати 70% енергетски заштеди. По прграмата на крај е посетена фотоволтаична централа во с. Белчишта (во близина на С.Ботун).

SMART Digitalization Cluster
http://www.sbch.org.mk/platformi/smart-digitalization-cluster