„Поддршка и финансирање на ЕУ проекти„ промоција во Еуро Инфо Центар 9 Јуни 2017

Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија организираше промотивен настан „Поддршка и финансирање проекти„ кој се одржа во петок 9 Јуни 2017 год. од 12.30 часот во Еуро Инфо Центарот во Скопје.

Акциона Програма за Енергетска Ефикасност 2017-2018 наменета за државните институции беше презентирана од ЕУРЕМ МК здружение за енергетска ефикасност при Комората. На настанот за кој голем интерес покажа деловната заедница се промовира изработени типски проекти по финансиски програми и индустрии ,погодни за финансирање од достапните ЕУ фондови.

Фокусот на настанот се потребите на Македонија за локален и регионален развој, потребната поддршка на деловниот сектор и приоритетите на меѓународните финансиски опрганизации и програмите на ЕУ за поддршка на земјите на Западен Балкан вклучувајќи го т.н. Берлински Процес.