Промоција на концептот ESCO за финансирање проекти во Битола

На 26 Декемеври 2017 делегација на ЕУРЕМ МК Здружението на енергетски менаџери и Фондацијата Swiss Contact одржаа работен состанок со претставниci на Општина Битола со цел воспоставување соработка за изработка на проекти за енергетски ефикасна реконструкција на објекти според ЕУРЕМ методологијата и финансирање на истите со ESCO концептот. На состанокот присуствуваше Г-н Игор Мишевски - Менаџер за зелена економија како претставник на Фондацијата Swiss Contact и делегација на ЕУРЕМ МК:

1. Љупче Ефтимов - Е-Дизајн Радовиш
- Реконструкција на објекти (градежен дел) со мерки на енергетска ефикасност
- Реконструкција на надворешно осветлување

2. Александар Јованов - Протерм Охрид
- Имплементација на топлински пумпи за климатизација на објекти

3. Славе Ласоски - Приматехна Битола
- Иновативни енергетски ефикасни системи за загревање иладење на објекти

4. Дарко Спировски - Институт за здравје и животна средина _ Тетово
- Building management системи за управување со енергетски карактеристики на објектите

5. Едвард Софески , Проект Координатор, ЕУРЕМ МК, Skopje

6. Марјан Ненов, Link Solution, EUREM MK
- Енергетски Аудит и методологија за подготовка на проекти за енергетска ефикасност согласно EUREM програмата на Индустриската Комора на Нинберг, Германија

Претставниците на ЕУРЕМ МК подоцна одржаа презентација организирана од Г-ѓа Виолета Ташева- МЕПСО оддел за инвестиции и развој во трафостаницата на МЕПСО во РЕК Битола пред претставници на раководители на сите високонапонски трафостаници на МЕПСО во Македонија, а со цел промовирање на можности за применана мерки за енергетска ефикасност при планираната реконструкција на трафостаниците.