Посета во општина Боговиње и Veze Sharri

Делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис оствари работна посета на општина Боговиње на 17 Јули 2018 год. Делегацијата предводена од Претседателот на Комората Г-н Слободан Софески беше примена од Г-н Бесир Мифтари во име на градоначалникот на Општина Боговиње Г-н Аљбон Џемаили. Се разговараше за иницирање регионални и прекугранични проекти во повеќе области: екологија, управување со отпад, енергија и образование.

Делегацијата оствари посета и на претпријатието Veze Sharri. каде се иницираше прекуграничен проект со AiEx Tirana
за размена на know-how и едукација на првата група од програмата EUREM во Албанија. AiEx Tirana е EUREM провајдер кој ќе добие поддршка од EUREM MK во реализацијата на повеќе модули од првиот циклус на програмата: Биогас, Когенеративни системи , Биомаса , Геотермални системи.