Меморандум за соработка со програмата Increasing market employability

Програмата Increasing market employability (IME) на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка , имплементирана од Swiss Contact склучи Меморандум за соработка со Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија за ефикасна, континуирана и коордиирана соработка во областа за воспоставување на легислативата потребна за воспоставување на модел за понуда на енергетски услуги и промоција на ESCO финансирањето во приватниот и јавниот сектор во Македонија.

По реализацијата на првичните истражувања и пилот работилници во текот на ноември-декември 2017 и поддршката од IME за формирање работни групи и зголемување на капацитетите на Комората подготвена е оперативна програма за реализација на активности во првата половина на 2018 год. со активна реализација од втората половина на Јануари 2018 год. Програмата е отворена за комуникација со јавноста и заинтересираните страни, за што партнерите повикуваат на соработка и поддршка.