Групација Мали Хидроцентрали Западен Балкан

Во Комората на мал бизнис на 25 јули 2017 се одржа иницијален состанок на групацијата Мали Хидроцентрали Западен Балкан. Претседателот на Комората на мал бизнис Г-н Слободан Софески информираше дека новата групација ќе ја поддржи групата на металопреработувачи (во однос на производството на малите хидроцентрали од типот HPS/HPP) Оваа група ќе има и пошироки амбиции за изградба на мали и средни хидроцентрали во Македонија и регионот. Координатор на групата е Г-н Бране Стефановски. Постојани учесници на состаноците на групата се координаторот на Групата на металопреработувачи, координатор на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК и фирмите иницијатори на групацијата:

Групацијата е формирана согласно мерките на Акциониот План за Енергетска Ефикасност 2017-2018 на ЕУРЕМ МК за Владата на РМ и Стратегијата за одржливи мали хидроцентрали за Западен Балкан усвоена на WB6 Самитот во Трст на 12 Јули 2017 – информираше Г-н Марјан Ненов координатор на ЕУРЕМ МК. Г-н Божидар Антевски како претставник на Групата на металопреработувачи информираше за производство и функција на HPS/HPP мали хидроцентрали под лиценца на Германската компанија Majoor Engineering Management.