4-та Седница на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК

На 12 Јануари 2018 се одржа 4-та Седница на Здружението за енергетска ефикасност ЕУРЕМ МК на која се дискутираше по предлог програмата на активности за 2018 год. Донесени се неколку заклучоци:

- подготовка на тимови кои ќе работат на Енергетски Аудити и изработка на проекти за реконструкција во општините со кои е постигната согласност за соработка
- подготовка на тим кои ќе изработи Енергетски Аудит и проект за реконструкција на трафостаница на МЕПСО
- подготовка на работна група во Комората на Мал Бизнис која во координација со Swiss Contact ќе подготвува предлози за подготовка на Законот за енергетска ефикасност
- поддршка на воспоставената соработка со Swiss Contact и воспоставување соработка со други организации и донатори заинтересирани за поддршка на ЕУРЕМ МК односно проекти за енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и орджлив развој
- да се поддржи функционалноста на Facebook групата EUREM MK , но и со други форми на комуникација со јавноста да се продолжи промоцијата на ЕУРЕМ МК