„Инфо Сесија за имплементација на новиот Закон за заштита на личните податоци во претпријатијата„ 20 Октомври 2021, 11.00, @ZOOM

Од 24ти Август 2021 започна целосна примена на новиот закон за заштита на личните податоци во кој се врши усогласување со Општата уредба за заштита на податоците на ЕУ, подобро позната како GDPR.

Според анализите на Стопанската Комора на Мал Бизнис на новиот закон за заштита на лични податоци и неговото влијани врз деловните субјекти и организации препораките ја истакнуваат потребата од едуцирање на претпријатијата по ова прашање, како и прилагоување на внатрешните политики на организациите и претпријатијата да работат во согласност со новиот закон.

Доколку сакате да добиете повеќе информации за новитетите од Законот за заштита на лични податоци и обврските на деловните субјекти и организации поврзани со имплементација на новите законски обврски и барања, Ве покануваме на кратка инфо сесија на која ќе дадеме осврт на основните начела, принципи и обврски за заштита на личните податоци во вашите организации.
Инфо сесијата ќе биде организирана од страна на Трајковски и Партнери Консалтинг и ќе се одржи на 20.10.2021, среда со почеток во 11:00 h.Сесијата ќе се одржи на Zoom Платформата.

Доколку сакате да учествувате на оваа инфо сесијата, ве молиме пополнете ја формата за регистрација, на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/PTTXQP7