Улично и индустриско осветлување и мрежи - SMART GRID & LIGHTING , 5 Јуни 2021 г.

Моделите за заштеда на електрична енергија кај јавното и индустриското осветлување ќе придонесат за намалување на потрошувачката на електрична енергија бидејќи 19% од енергијата во светот се троши за осветлување. Секоја Smart Lighting платформа опфаќа енергетски ефикасни светилки, но и автоматска контрола која прави прилагодувања на осветлувањето зависно од потребите или дневната светлина. Инвестирање во дигитализација на менаџментот со енергијата значи воведување на Smart Energy концептот во Smart City развојните стратегии на урбаните општини.

Во Агендата на семинарот се предвидени следните целини:

1. Smart Lighting оптимизациja и IoT управување со внатрешно, надворешно и улично осветлување

2. SMART GRID - дигитализација на електрична мрежа и електроенергетски систем

3. Електрични возила, транспорт и логистика

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „EUREM MK Alumni„, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар SMART GRID & LIGHTING, втор дел од дебатaта "ZERO Carbon City проекти" кој ќе се организира на 5 Јуни 2021 година од 10.00 часот. Настанот ќе се реализира on-line преку Skype платформата.

пријава >>> http://sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20SMART%20GRID...

агенда >>> http://www.sbch.org.mk/content/zero-carbon-city-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5...