Работна посета во Хотел Александар Палас - Скопје

Екипа на ЕУРЕМ МК на 9 Јануари 2018 беше примена од Г-н Антонио Делов во Хотел Александар Палас - Скопје каде изврши увид на постројките за греење на хотелот (котлара) и снабдување со санитарна вода. Беше претставен и системот за контрола и менаџмент на системите во објектот. Во Хотелот се имплементирани функционални и иновативни решенија, а се планираат и нови инвестиции за употреба на обновливи извори на енергија со цел поголема енергетска ефикасност на објектот.