Презентација во Прилеп 29 Јули 2021, 11.00 ч.- Поддршка за сајбер безбедност на бизниси

Комората на Мал Бизнис на членките им овозможува поддршка за „паметна„ дигитализација на бизнисите.

Здружението Подготвеност за Европа од Скопје, во соработка со Комората на Мал Бизнис и Агро Лидер од Прилеп, ќе организира двочасовен настан за бизниси во четврток:

29 Јули 2021 г. од 11.00 часот во Прилеп

Настанот се организира во рамките на проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали претпријатија“, поддржан од Амбасадата на САД, а имплементиран од Подготвеност за Европа, Скопје и има за цел да придонесе во употребата на мерки за сајбер безбедност и заштитата во микро, мали и средни претпријатија што од своја страна е во насока кон подобрување на бизнис практиките и зајакнување на самите претпријатија.

На овој настан преку претходна кратка презентација на проектот, претпријатијата ќе имаат можност да се вклучат во активностите на проектот. После презентацијата, со помош на проектниот тим, претпријатијата ќе пополнат предходно изготвен Прашалник за проценка на сајбер ризици во работењето во нивната компанија.

Врз основа на резултатите од проценката, тимот на проектот ќе изготви и дополнително, по маил на секое претпријатие ќе им испрати:

- ИЗВЕШТАЈ за оценка на ризиците со идентификација на клучните ризици со кои се соочува претпријатието
- План за справување со ризиците и
- ПРЕПОРАКИ за кои модули од тренинг програмата на проектот би биле корисни за запознавање како да се заштитиат од најголемите ризици.

Дополнително со претпријатијата ќе се дефинираат и термините за ОНЛАЈН МЕНТОРСКИ СЕСИИ од максимум 2 часа за имплементација на мерките за намалување на сајбер ризиците на претпријатието.

Ве повикуваме да пријавите интерес за учество на е-маил info@sbch.org.mk За местото на реализација на настанот дополнително ќе бидете известени.