Повик за учество во Деловна делегација, Атина 30 Септември 2020

Сите заинтересирани компании заинтересирани за воспоставување деловна соработка со компании од Грција претставувани од Германско-Грчката Индустриска Стопанска Комора - партнерот на ЕУРЕМ МК во мрежата EUREM Consortium се повикуваат да пријават интерес за учество во делегацијата. Со секоја компанија ќе се работи поединечно за обезбедување потенцијален Грчки партнер, а согласно структурата на делегацијата ќе се организира и групна посета на организации и институции, вклучувајќи и учество на X-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери и посета на Саемот BEYOND 4.0 во Солун.. Рокот за пријавување е краток со цел подобра подготовка и планирање на најавените деловни активности.

X-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери , 30 Септември - 1 Октомври 2020, Атина, Грција www.eurem-conference.com Организаторот на X-та Меѓународна Конференција на Европски енергетски менаџери е Германско-Грчката Индустриска Стопанска Комора. Поголемиот дел од учесниците на конференцијата се експерти за енергија од производствената индустрија и енергетски интензивни компании, добавувачи на енергија или провајдери на енергетски услуги.

BEYOND 4.0 - Меѓународна платформа за дигитална технологија и иновации 1-3 Октомври 2020, Солун, Грција https://be4ond-expo.gr BEYOND 4.0 е првата меѓународна платформа за Industry 4.0 во Југоисточна Европа, Медитеранот и регионот MENA (Middle East and North Africa)

ПОВИК и пријавување на линк >>> http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%8...