Повик за учество во проекти за поддршка на угостителство и SPA туризам - реконструкција и модернизација

SGS програмата за SMART специјализација и Adria Finance HUB финансиската платформа на Комората на Мал бизнис изработуваат програми за реконструкција и модернизација на претпријатија од секторот угостителство и SPA туризам преку достапни финансиски инструменти и фондирани проекти.

Глобалните анализи во пост-корона-кризниот период предвидуваат доминација на големите ланци на хотели наспроти независните хотели. Притисокот на сопствениците и менаџерите на независните хотели ќе биде голем за спроведување на протоколи за безбедност и чистота, и изменетите услови за ефтин транспорт и масовен туризам на поединци, односно враќање на доминацијата на корпоративни и групни патувања.

Со оглед дека до 40% од трошоците во угостителство и хотелиерство се однесуваат на работната сила, менаџерите и сопствениците ќе мораат да ги намалат трошоците и да ја зголемат ефикасноста со дигитализација и употреба на апликации и технолошки уреди кои ќе заменат дел од вработените во администрацијата, персонал за резервации, вратари, одржување со автоматизирани процедури достапни на клиентите на нивните мобилни уреди за on-line резервации или нарачки за достава до дома или статични уреди поставени во објектите за самостојно чекирање и нарачување услуги на гостите во угостителскиот објект или хотел.

Пријавување

На повикот може да се пријават претпријатија кои немора да бидат членки на Комората на Мал Бизнис. Ве повикуваме до 10 Јуни 2020 год. со допис на е-маил: info@sbch.org.mk да ни доставите информации за вашите идеи и проектни планови.

Повикот за поддршка за справување со вонредната економска ситуација и финансирање на реновирање и ентериерно уредување согласно новите здравствени протоколи за безбедност и чистота е даден на линкот >>>
https://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%...

Воедно ве повикуваме за изразување интерес за учество во „Проект за развивање вештини и поддршка на иновации во угостителство и SPA туризам„ , фондиран од ЕУ фондовите со формален допис на е-маил: info@sbch.org.mk

КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
Small Business Chamber - business success networking

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk