Македонски енергетски ден 2017

ПОКРОВИТЕЛИ НА НАСТАН

ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАН

Презентација на проекти и проектни идеи за чиста обновлива енергија и енергетска ефикасност

Организаторот ЕУРЕМ МК Здружение за енергетска ефикасност при Стопанската комора на мал бизнис на Македонија ве повикува да учествувате со
Презентација на проекти и проектни идеи за чиста обновлива енергија и енергетска ефикасност

Пријавување презентација

Пријавувањето на проектните идеи се врши со пополнување на пријавата во полето „Проектна Идеја„.

КОЈ МОЖЕ да пријави проектна идеја?

Проекти и проектни идеи можат да пријават регистрирани стопански субјекти - претпријатија, институции, установи и организации во приватна и државна сопственост каде постои реална можност за реализација на предложените проекти.

За најдобрите проектни идеи ќе се изработат проектни концепти (проектни решенија) во рамките на обуките EUREM. Најдобрите проектни решенија и реализирани енергетски ефикасни објекти се поканети за учество на претстојната 8-ма Меѓународна конференција на европски енергетски менаџери во октомври 2017 година во Љубљана, Словенија.

Содржина на проектите

Проектите треба да се однесуваат за новоградби или реконструкции - интервенциии на постојни градби и употреба на извори на чиста обновлива енергија за сопствени енергетски потреби на објектите.

Содржински, презентациите треба да се предложат во една или повеќе од следните категории:

енергетски ефикасен аудит
енергетски ефикасна градба - нискоенергетски и пасивни објекти
енергетски ефикасно реновирање на објект
топлински барања - енергетски биланс на објект
енергетски ефикасна ладење,греење,вентилација
чиста обновлива енергија за сопствени потреби
Форматот на PPT презентацијата (10 слајда, максимум 15 минути) .

Пријавување учество како публика
Пријавување учество како публика на Македонскиот eнергетски ден 2017 - 30 јуни 2017 година се врши со пополнување на оваа пријава (за учество како публика не треба да се пополни полето „Проектна идеја“).

Публиката на настанот и пошироката јавност ќе се информираат за проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните регионални фондови за енергетска ефикасност, кредитните линии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на комерцијалните банки, како и од програмите на Европската Комисија.

--------------------------------------------------------------------------------

Македонскиот енергетски ден е дел од мрежата на настани EUSEW 2017 Energy Days - оваа година организирани под мотото Clean Energy for Europeans. EUSEW - European Sustainable Energy Week e иницијатива на Европската Комисија. Повеќе примери за реализираните енергетски концепти на оваа страница http://eusew.eu/energy-days/macedonian-energy-day-2017 и http://eusew.eu/.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Настанот ќе се одржи на 30 јуни 2017 година во Скопје. Вредноста на котизација за учество е дадена во пријавата. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство / проектна идеја со пополнување на пријавата, која ќе ја доставите на на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Здружение за енергетска ефикасност EUREM MK Стопанска комора на мал бизнис бул.Јане Сандански 113 1000 Скопје тел. (02) 244 8077, тел/фах. (02) 244 8134 info@sbch.org.mk www.sbch.org.mk

КОТИЗАЦИЈА: 2.350,00ден.

  1. Вторник, Јуни 20, 2017