CATALYST Round-tables Skopje, Berlin, Graz, Lisbon, Athens

Со особена чест и задоволство известуваме за започнување на Erasmus + проектот „Европски центар за извонредност за креирање на одржливи системи и бизнис трансформација“ (CATALYST), чија реализација е во временскиот период јуни 2022 – мај 2026 година.

Би сакале да проследиме информација во врска со организирање на прва работилница за запознавање на соработниците и целната јавност со долгорочните бенефити од проектот и креирање на позитивен пристап кон подобрување на бизнис капацитетите, која ќе се оддржи на 29 ноември (вторник), со работен наслов „Предизвици и перспективи во водењето на одржливи системи и бизнис трансформација“.

Работилницата е наменета за профил на учесници кои што се занимаваат со одржливи политики, од формален и неформален карактер, бизнис ентитети кои тежнеат кон подобрување на деловните одржливи практики, како и претставници на државниот институционален капацитет кој е во улога на креирање на одржливи политики и транспарентна соработка со бизнис ентитетите и целните јавности.

Во рамки на овој работен собир, се очекува поканетите учесници, воедно истакнати експерти, консултанти, раководители на проекти во домен на одржливи политики и практики, академската јавност, претставници на градежниот и инженерски сектор, како и претставници на релевантни институти и државни институции, да дадат особен придонес во врска со совладувањето на тековните современи предизвици, но и поставување на идни перспективи во услови на потреба од бизнис трансформација и градење на одржливи капацитети.
Заклучните препораки ќе бидат јавно споделени и ќе говорат за нова димензија на прифаќање на трансформативното лидерство во врска со континуираната потреба за прилагодување и креирање на апликативни методологии во деловниот систем на вредности.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Проектот CATALYST во Скопје, Берлин, Грац и Атина ќе ги мобилизира на национални тркалезни маси клучните општествени чинители поканети на дијалог и соработка - претставници на компаниите, малите и средни претпријатија, универзитетите и давателите на услуги за образование на возрасни, јавните институции и локалната самоуправа, непрофитните и граѓански организации.

повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/content/catalyst-round-tables-skopje-berlin-graz-...

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk