Формиран е Адриатик Бизнис Клуб

Во просториите на Комората на Мал Бизнис - Скопје на 24 Мај 2017 се одржа иницијален состанок на Адриатик Бизнис Клуб. На состанокот е усвоена Нацрт Програма на Адриатик Бизнис Клуб насочена кон остварување деловна соработка со Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Италија и Грција.

Иницијатори на Адриатик Бизнис Клубот се претпријатијата: Горд Системи. Link Solutions, Еду-Софт, Унитим, Тонко СР, Ал-Демик, Елком, Енергомонтинг, Efix Electric, КОСМО Иновативен Центар.

Г-н Едвард Софески - менаџер на КОСМО Иновативен Центар информираше за комерцијалните потенцијалите на соработката со новите членки на НАТО: Албанија и Црна Гора и можноста за фондирана поддршка од земјите членки на ЕУ: Италија, Словенија, Хрватска и Грција за проекти кои се однесуваат во т.н. Адриатик регион, вклучувајчи ја и Македонија.
По презентацијата на Нацрт Програмата на Адриатик Бизнис Клуб следеше дискусија за организациски и комерцијални проекти кои групата ќе ги поддржи. Со поддршка на Амбасадата на Црна Гора во Македонија договорен е организиран настап - деловна делегација во Црна Гора 15-17 јуни 2017 и учество на Бизнис Форумот во Трст, Италија на 12 јули организиран од Берлинскиот Процес. Во почетокот на јуни во соработка со Амбасадата на Словенија, Амбасадатана Италија и Амбасадата на Црна Гора ќе се организира и комерцијална презентација на членките на Адриатик Бизнис Клубот пред инвеститорски организации и промоција на предлог проекти кај соодветните фондации за поддршка.