Финансирање проекти и проектни концепти - Македонски Енергетски Ден 2018

Дали сите успешни проекти можат да добијат пристап до финансирање ?

На 21 Септември 2018 г. на конференцијата Македонски Енергетски Ден 2018 ќе се презентираат проектни концепти од компании и јавни организации пред заинтересирани финансиски институции, фондови и потенцијални инвеститори за партнерски, Јавно Приватно Партнерство или ESCO модели на финансирање.

Конференцијата е организирана од Асоцијацијата на енергетски менаџери EUREM MK вмрежен во EUREM Consortium, платформата Invest Energy Solutions во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability Programme) на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact, кои соработуваат во делот на овозможување пристап до финансии и пристап до пазари преку ESCo модели.

Листа на селектирани проекти на линкот http://www.sbch.org.mk/content/solar-power-opportunities