Финансирање проекти за енергетска ефикасност, 6 Декември 2016

Членовите на Комората на Малиот Бизнси и претставници на финансиските институции заинтересирани да финансираат во проектите што ги имаат подготвено членките на оваа Комора денеска заеднички ги разгледуваа можностите за соработка.

Една од целите на денешната работилница е да се пронајде начин како да се финансираат малите бизниси во доменот на енергетската ефикасност. Комората на Мал Бизнис го спроведува проектот за енергетска ефикасност EUREM под покровителство на Стопанската Комора на Нинберг, Германија. Во рамките на тој прокет Комората на Мал Бизнис произведува енергетски менаџери чии проекти за заштеда на енергија се применливи односно штедливи за фирмите кои ги применуваат.