Состанок со Управен Одбор на ЕВН Македонија

Претседателот на Управен Одбор на ЕВН Македонија - дипл. инж. Штефан Петер, Заменик Претседател на УО - Маг. Маркус Брандштетер и Директорот на одделот за енергетско планирање и набавка - Г-н Никола Ушинов на 6 Февруари 2018 во просториите на ЕВН Македонија одржаа работен состанок со Претставник на Управен Одбор на Комората на Мал Бизнис - Г-н Едвард Софески, Координатор на Здружението ЕУРЕМ МК - Г-н Марјан Ненов и претставници на проектни партнери на Комората - Г-н Дарко Спировски од Универзитет на Југоисточна Европа и Г-н Игор Мишевски од Фондацијата Swiss Contact Macedonia. Се разговараше за воспоставување соработка во проект за промоција на ESCO концептот на финансирање проекти за енергетска ефикасност, соработка на проект за изработка на бизнис модел за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови и други проекти од доменот на заштита на животната средина, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. ЕВН Македонија како општествено одговорна компанија е заинтересирана за соработка во сите презентирани проекти кои ќе придонесат до намалување на потрошувачката на енергија и намалување на загадувањето на воздухот и животната средина.