Развој на Зелени и Циркуларни Организации, EU4EG работилници

Комората на Мал Бизнис како Национална организација за поддршка на бизнисот во проектот EU4EG раководен од GIZ ги повикува заинтересираните за учество на циклус тематски настани „Развој на зелена и кружна организација“ во рамките на проектот EU4EG, чија цел е зголемување на локалната економска активност и конкурентност во североисточниот, полошкиот и југозападниот регион и областа Преспа.

Тематските настани ќе ги собере актерите од четирикратниот хеликс, имено приватни компании, јавниот сектор, невладиниот сектор и образовните институции за се запознаат со обврките кои произлегуваат од Зелениот договор на ЕУ и да разговараат за можностите за развој на повеќе зелени и циркуларни организации преку споделување на постоечките модели и добри практики.

АГЕНДА
DEVELOPING A GREEN AND CIRCULAR ORGANIZATION

30 мај 2024 - Тетово
6 јуни 2024 - Куманово
13 јуни 2024 Охрид
14 јуни 2024 Ресен

За повеќе информации за првиот настан во Тетово на 30 мај 2024 и пријавување учество контактирајте го регионалниот советник на GIZ EU4EG г-дин Евзи Хани, на evzi.hani@giz.de

За повеќе информации за настанот во Куманово на 6 јуни 2024 и пријавување учество контактирајте го регионалниот советник на GIZ EU4EG г-дин Филип Нелковски, на filip.nelkovski@giz.de
Агенда Куманово >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/EU4EG_Agenda_DEVELOPING%20GR...

За повеќе информации за настаните во Охрид на 13 јуни 2024 и во Ресен на 14 јуни 2024 и пријавување учество контактирајте го регионалниот советник на GIZ EU4EG г-дин Јован Гавриловски, на jovan.gavrilovski@giz.de

---------------------------------------------------------------------------------

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

Стопанска комора на мал бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk