Работна средба за енерегетска ефикасност во Општина Куманово

Во кабинетот на градоначалникот на Општина Куманово , Г-н Зоран Дамјановски на 18 Јуни 2017 гостуваше делегација на Комората на мал бизнис каде се разговараше за можностите за соработка во областа на енергетската ефикасност, заштедата на енергијата и намалувањето на загаденоста на воздухот на територијата на општината.

Претставниците на Комората на мал бизнис информираа дека Комората располага со капацитети за изработка на
проекти за намалување на трошоците за затоплување и за ладење на домовите, на деловните и на комерцијалните
објекти, кои, без такви зафати, и натаму ќе бидат финансиски оптоварени на штета на нивниот животен стандард.