Работна посета на општина Желино

Делегација на Стопанската Комора на Мал Бизнис оствари работна посета на Желино на 9 Мај 2018 год. Делегацијата предводена од Претседателот на Комората Г-н Слободан Софески беше примена од Градоначалникот на Општина Желино Г-н Блерим Сејдиу. Делегацијата оствари посета на претпријатието Veze Sharri.
Членовите на Делегацијата беше примена од сопственикот и оснивач на компанијата Г-н Arben Abdurahmanii кој се осврна на развојот на компанијата од оснивањето до денешните две фирми ќерки Lecker и Elektro Sharri . Во делегацијата беа присутни учесници на обуката за Европски Енергетски Менаџери ЕУРЕМ кои имаа можност да го погледаат производството на електрична енергија од биогас - производ на ферментација на органскиот отпад од компанијата.