Работна Група за Закон за Енергетска Ефикасност

На состанокот на 22 Август 2017 на претставници на комората на Мал Бизнис и ЕУРЕМ МК Здружението во Министерството за Економија оддел за Енергетика договорено е учество на претставници на Комората и ЕУРЕМ МК во работната група која од септември го подготвува Законот за Енергетска Ефикасност - измени кои ќе стапат во сила до крај на оваа година.

Планирано е национално лиценцирање на Енергетски Менаџери согласно сертифицирана обука и Standard членство (годишна обнова на лиценца) во матичната организација на енергетски менаџери. Единствена Македонска организација на сертифицирани енергетски менаџери е ЕУРЕМ МК Здружението.

Платформата на ЕУРЕМ МК Здружението за настап во наведената работна група е Акционата Програма за енергетска ефикасност 2017-2018 доставен до Владата и Министерствата во текот на јуни и јули 2017 год.

повеќе ... http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%8...