Работилницата „Како Скопје да стане енергетски паметен град“

Работилницата „Како Скопје да стане енергетски паметен град“ во рамки на ЕУ проектот MAtchUP од програмата Хоризонт 2020 во кој Град Скопје е партнер (https://www.matchup-project.eu/) се реализира на 4 Февруари 2019 во Салата на Совет на Град Скопје. Работилницата ја организираше и модерираше Ловрен Маркиќ - Раководител на Сектор за меѓународна соработка во Град Скопје. Иницијатори на дискусијата беа презентаиите подготвени од претсавници на Комората на Мал Бизнис: Марјан Ненов - Зелена енергија – производство на чиста енергија во
урбани средини и Ристо Павлов - ZERO Carbon city – Case study of Slovenia. Во дебатата се вклучија со свои предлози за почеста и организирана размена на искуства претставници на општина Карпош - Љупчо Димов и општина Ѓорче Петров - Саша Максимовски. Претставникот на ЕВН Македонија - Илија Ќировски дискутираше за нивниот придонес во поставување полначи за електрични возила на територијата на Град Скопје и плановите да се опфатат главните патишта и гранични премини во Македонија. На крајот на работилницата беше заклучено да се формира група на засегнати страни и чинители кои ќе се состануваат за иницирање на проектни решенија и консултации за планираните Smart City активности на Град Скопје.