Програма за „Одржливи Енергетски Објекти„ од 15 Декември 2018

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар за Управување со проекти на одржливи системи , која ќе се организира на 15 Декември 2018 г.

Приоритетни проекти се реконструкција на објектите во комерцијалниот сектор (деловни и индустриски објекти) и јавна администрација во „Одржливи Енергетски Објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free).

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна, и коминтентите од деловниот и јавниот сектор и финансиските институции. Повеќе на линкот https://www.sbch.org.mk/content/%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%...