Прием кај Амбасадорот на Италија - Карло Ромео

Делегација предводена од градоначалникот на општина Кочани Г-н Николчо Илиев , претставник на Стопанската Комора на Мал Бизнис и претставници на канцеларијата на Italian Trade Agency во Скопје на 7 Септември 2018 остварија останок со неговата екселенција Амбасадорот на Италија - Г-н Карло Ромео. Состанокот е прв инициран кај Италијанскиот Амбасадор од новите градоначалници после локалните избори при крајот на 2018 год. Дискусијата беше фокусирана на изнаоѓање можности за соработка на општината и нејзиниот економски потенцијал со Италијанските деловни претставници, особено во развој на туризмот во Кочани и Источниот Плански Регион. На состанокот претставникот на Комората на Мал Бизнис Г-н Едвард Софески го презентираше проектниот концепт „Римските бањи и модерни SPA центри во Република Македонија„ со кој е предвидено мапирање на археолошките римски бањи и подготовка на маркетинг стратегија за туристичка промоција на археолошките локалитети и промоција на нови SPA центри. Амбасадорот Карло Ромео информираше дека Италиоја како претседавач на организацијата OSCE има можност да употреби дел од фондовите на оваа организација за проектите иницирани од општина Кочани и Комората на Мал Бизнис.