Можности за развивање на енергетски пректи со модели на ЈПП и концепти на ESCO финансирање во единиците на локалната самоуправа

Комората на Мал Бизнис на Македонија на 30 Октомври 2018 во Велес во соработка со Општина Велес , Вардарскиот Плански Регион и Институтот за
инжинерска економија при Славјанскиот Универзитет ќе организира работилница „Можности за развивање на енергетски пректи со модели на ЈПП и концепти на ESCO финансирање во единиците на локалната самоуправа„ Работилницата е наменета за претставници на локалните самоуправи од Источниот и Вардарскит Регион и претставници на компаниите заинтересирани за соработка согласно моделот на Јавно Приватно Партнерство или заинтересирани како инвеститори во ESCO моделот.

На работилницата ќе се промовира и соработката остварена помеѓу Фондацијата Swisscontact, ЕВН Македонија и Комората на Мал Бизнис за развивање и промовирање на ESCO моделот на финансирање на проекти кои ќе донесат заштеди на енергија во деловни и јавни објекти. Компаниите

Компаниите добавувачи на опрема за енергетска ефикасност заинтересирани за подизведувачи во најавените проекти се повикани за учество на настанот со пријавување на повикот даден на линк http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B...