Координација во Амбасада на Република Словенија

На 10 Јануари 2018 делегација на Комората на Мал Бизнис одржа координативен состанок со М-р Мира Лесјак - Ополномошен министер во Амбасада на Република Словенија во Скопје. Делегацијата на Комората ја водеше Претседателот на Комората, а на состанокот учествуваа и координаторите на ЕУРЕМ МК - Г-н Марјан Ненов и Г-н Едвард Софески. На состанокот се разменија информации од учеството на Делегација на Комората на Конференцијата на ЕУРЕМ во Љубљана 29-30 Ноември 2017 и остварените состаноци со Словенски компании и претставници на институции на Град Љубљана. Покрај потврдата за континураната соработка на Комората на Мал Бизнис со економската канцеларија на Амбасадата на Република Словенија во Скопје се договори соработка за ко-финансирање на проекти за енергетски ефикасна реконструкција на објекти на локалните самоуправи , соработка со администрацијата на Град Скопје за иницирање проекти со Град Љубљана на теми за одржлив развој, заштита на животната средина и намалување на загадувањето на воздухот, промоција на Словенски искуства и проекти финансирани со ESCO моделот и поддршка на проектите на Adriatic Busines Club - http://www.sbch.org.mk/povici/%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BB...