Иновативна платформа за паметни рурални региони во Македонија

Иновативна платформа за претворање на руралните региони и села во паметни, креирање на идентитет за привлекување инвестиции, задржување на населението и подобрување на инфраструктурата и комуникацијата со локалната самоуправа и заедниците ќе развива Стопанската Комора на Мал Бизнис со поддршка на Министерот за локална самоуправа , Г-н Сухејл Фазлиу е договорено на средбата на делегација на Комората со Министерот остварена на 27 август 2018 год. Проектната иницијатива ќе биде презентирана во Словенската Национална Агенција за развој на земјоделство и село каде веќее во тек реализација на сличен проект фондиран од Европскиот Фонд за рурален развој. Се очекува наредниот месец да се потпише Меморандум за соработка со сродните Министерства во Албанија и Црна Гора и проектот да биде активиран со поддршка на достапните фондови наменети за поддршка на дигитализацијата и развој на младите во Западен Балкан. Иницијативата е дел од програмата Sustainable, Green & Smart http://www.sbch.org.mk/programi/sustainable-green-smart