Делегација на ЕУРЕМ МК и Комората на 8-ма Интернационална ЕУРЕМ Конференција во Љубљана, Словенија 29-30 Ноември 2017

Делегација на Здружението на Македонски Енергетски Менаџери ЕУРЕМ МК при Стопанксата Комора на Мал Бизнис , активно учествување на годишната ЕУРЕМ конференција во Љубљана 29-30 Ноември 2017 год. Дел од излагачите на работилницата Energy Performance Contracting беше Г-н Мевљам Таири од ЈСП Скопје со презентација на проект погоден за инвестирање преку ESCO концептот. Учеството на делегацијата беше поддржано од канцеларијата на Swiss Contact Macedonia. ЕУРЕМ МК воспостави деловна соработка за реализација на наредните активности за финансирање на проекти од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со: Aquarius, Kolektor Turboinstitut, Meta Group - Business Angels Europe, IZS Inzinerska Komora Slovenija, LPP ...

Приоритетна тема на овогодинашната конференција беше Енергетски Аудит на резиденцијални, деловни (административни) и индустриски објекти и улогата на Енергетските Менаџери согласно ЕУ директива 2012/27/EU. На конференцијата ќе учествуваат околу 200 учесници (енергетски менаџери) од целиот свет со дискусии на актуелни теми и проблеми за енергетска ефикасност во нивните организации како и презентации на примери на реализирани енерегетски ефикасни проекти на тематските работилници на конференцијата. www.eurem-conference.com