Гасни-Централи за сопствено производство на електрична енергија и топлина

Когенеративните постројки се еден од најкористените извори за добивање на енергија од природен гас при што се произведува електрична и топлинска енергија. Некои од постројките обезбедуваат и енергија за ладење, кое се именувани како тригенеративни електрани.

Семинарот на 28 Март 2020 г. се однесува на приоритетни проекти и инвестиции за гасификација поддржани од Adria Finance HUB, институции и финансиски организации во Македонија и регионот. Во Агендата на семинарот е предвидено стручно предавање за Комбинирано производство на топлотна и електрична енергија.

Мини когеренативните централи со гасни микротурбини користат природен гас за самостојно затоплување на поголеми затворени комплекси (резиденцијалниот сектор, хотелиерство и угостителство, објекти на јавните услужни дејности, прехранбена индустрија) или како дисперзиран систем за греење на реонски центри (општини, рурални населби,села) при што произведената електрична енергија локалната самоуправа или комерцијален комплекс ја користи за сопствени потреби,а вишокот електрична енергија за продажба и поврат на инвестицијата.

Пријавување и програма на линкот >>>
https://www.sbch.org.mk/content/%D0%B3%D0%B0%D1%81-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1...