Македонско Кредитно Биро

МКБ е првото и единствено кредитно биро во Република Македонија кое делува со цел на нашите корисници да им овозможиме безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето. Основано е врз основа на посебен Закон за кредитно биро (Сл. Весник на РМ бр.81/2008, 24/2011 и 166/2014) од страна на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје), како друштво во сопственост на банките.

МКБ управува со единствениот систем во Република Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските. МКБ располага со најголемата и дневно ажурна база на податоци која нуди единствени можности за заштита од ризично работење преку успешно управување и преземање ризици што може да се контролираат. Нашиот систем го користат сите банки, штедилници, финансиски друштва, друштва за финансиски лизинг, други даватели на кредити, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, градот Скопје и единици на локалната самоуправа, давателите на услуги од областа на комуналните дејности, енергетиката и телекомуникациите, други правни лица кои даваат услуги по основ на кои настануваат обврски за правните и физичките лица, како и физички лица кои не се сметаат за трговци согласно Законот за трговски друштва.