Green Energy Day 2022

Green, Purple Economy and Glocalization

[field_datum]

promo video
https://youtu.be/Yvy6Wn_C71I

Зелената Економија претставува нов одржлив економски поредок како одговор на еколошката и енергетската криза. Одговор на кризата на грижа кон заедницата, клиентите, вработените за чиста околина е зелената општествена одговорност на компаниите - Сертифицирање Зелени Бизниси.

Глокализацијата претставува трансформација на глобализација каде грижата за културните разлики е пресудна за продажбата во различни таргет пазари, а виолетовата економија е Новата Нормалност за глобалната грижа на компаниите кон поединецот на локалните пазари.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

"Green Energy Day 2022" е годишен настан организиран од Комората за мали бизниси за промовирање на дизајнери на проектни концепти, инвеститори и засегнати институции и влада кои имаат заедничка цел да придонесат за развој на зелена економија во малите и средни претпријатија, зелената сертификација - оценување на зелени општествено одговорни проекти и деловни практики неопходни за воспоставување зелени јавни набавки (енергетската ефикасност и еколошки критериуми) во општините и регионалните економски развојни проекти како и развој на циркуларната индустрија во Република Северна Македонија.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ТВОЈАТА ПРОДУКТИВНА ЕНЕРГИЈА

„Твојата Продуктивна Енергија„ е програма на Комората за поддршка и менторство на компаниите и граѓаните за одржливо производство и употреба на енергијата кое ќе придонесе за подобрување на приходите и благосостојба.
Комората со „Твојата Продуктивна Енергија„ ги поддржува компаниите преку менторство за управување и outsourcing за набавка и одржување на енергетски капацитетоти со континуиран договор или договор за поддршка на проекти за:
- енергетска ефикасност
- обновливи извори на енергија
- индустриски менаџмент
- човечки ресурси и лидерство

повеќе на линк >>>
http://www.sbch.org.mk/novosti/%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B...

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗЕЛЕНО СЕРТИФИЦИРАЊЕ

За Standard и Premium членки на Комората во рамки на „Green Energy Day 2022„ ќе се организира работилница за воспоставување на Eco-En Cert (зелен сертификат) http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

видео презентација >>> https://youtu.be/hI6rXCCISvE

Аплицирање во програмата за „зелено сертифицирање„ повик 4/22 на линк >>> http://www.sbch.org.mk/povici/%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B...

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

НАТПРЕВАР НА ИДЕИ
Roadmap to Your Green Deal 2

On-line дебатата „Roadmap to Your Green Deal 2„ е отворена за секој заинтересиран кој може да учествува со презентирање на своите предлог идеи преку видео запис.

ВИДЕО ЗАПИС

Повикуваме сите кои се во можност да подготват видео запис со свои ставови и одговори на следните три прашања:

- Кои лични вештини и организациски капацитетит се потребни за да може компаниите/институциите/организациите да решаваат еколошки проблеми во вашата заедница ?
- Како според вас би изгледало едно одржливо претпријатие/организација ?
- Со кого би склучиле Green Deal за да спречите зголемување на глобалната температура ?

Видео запис , во времетраење од max. 3 min. подгответе го во формат дефиниран со Squiz Sun платформата https://squiz-sun-first-person-ideas-project.webflow.io/ - инструкции за подготовка на видеото на линкот https://youtu.be/BJQopW4HV6o Видео записот преку апликациите за трансфер на големи податочни фајлови испратете ни го на e-mail info@sbch.org.mk

Сите кои ќе испратат видео запис со свои ставови и одговори на дадените прашања се воедно активни учесници на Green Energy Day 2022 дебатата на 17 Декември 2022 г.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО

Повикани за учество на „Green Energy Day 2022„ се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на зелени комерцијални и проекти за одржлив развој.

Котизацијата за учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден.

Пријавување со формален допис за учество на еден претставник од членки на Комората на e-mail: info@sbch.org.mk , a за нови членки на Комората со пополнување пристапница на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc

--------------------------------------------------------------------------------------------------------

ОРГАНИЗАТОРИ

Настанот е организиран во рамките на Проектот: „Потрошувачите за одржливост: институционализирање на дијалогот за локална политика и услугите на граѓанското општество за општинските власти и бизнисите“, финансиран од Европската Унија, имплементиран од Асоцијацијата за развојни иницијативи Зенит, Организација на потрошувачи на Република Македонија, Женска граѓанска иницијатива Антико и Стопанска комора за мали бизниси.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------

Сабота, Декември 17, 2022

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

-------------------------------------

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

[field_organizator]