ESCO енергетски услуги, буџетирање, договори и набавка на енергија

Семинар за Управување со набавка на енергија, ESCO енергетски услуги, буџетирање и договори ќе се организира во рамките на Германската EUREM програма www.energymanager.eu , http://mk.eurem.net/ во Скопје во сабота 25 Ноември 2017 г.

На настанот може да се пријават сите заинтересирани учесници и поддржува вмрежување и остварување меѓусебни деловни контакти на заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор - договори согласно Законите за Јавни набавки, ПЈП, Буџетирање и Финансирање на локалната самоуправа и согласно Оперативна програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација 2018 (програмата е дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/%E2%80%9E%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1...)

Организаторот „Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија„ и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“, Ве повикуваат да присуствувате на предстојниот семинар.

----------------------------------------------------------------------------------------

Настанот ќе се одржи на 25 Ноември 2017 година (сабота) од 10.00 - 13.00 часот, во Скопје. Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата дадена во прилог, која ќе ја доставите на e-mail info@sbch.org.mk контакт-телефон: (02) 2448-077 и 070/271-901 Котизацијата за учество е со 10% попуст за Standard и Premium членови на Комората на Мал Бизнис + 10% попуст за пријавени повеќе учесници. Учесниците треба да се пријават навремено поради ограничениот број на седишта - дополнителни консултациии со Слободан Софески тел. 070 271 901.

КОТИЗАЦИЈА: 3.850,00ден.

  1. Сабота, Ноември 25, 2017

    Теми кои ќе се обработат на семинарот се:

    1. Законски основи за енергетика во РМ

    - законски и подзаконски акти
    - Закон за енергетика
    - Регулаторна Комисија за Енергетика
    - Цена на енергијата - тарифен систем
    - Пазар на електрична енергија - Трговци со издадени лиценци за трговија со електрична енергија и претпријатија со лиценци за снабдување со електрична енергија
    - Пазар на природен гас
    - Пазар на нафата инафтени деривати
    - Пазар на топлинска и геотермална енергија

    Инструктор - М-р Митре Арсовски

    2. Директиви на ЕУ - либерализација на енергетски пазар

    - пазар на електрична енергија
    - тргување со емисии
    - договори за енергетски услуги

    Инструктор: Д-р Арсе Петрески

    3. ESCO концептот и усголасување со домашното законодавство

    - Закон за Јавни набавки
    - Закон за концесии и приватно јавно партнерство
    - Закон за финансирање на локалната самоуправа
    - Закон за Јавен долг

    Инструктор: Г-ѓа Снежана Петковска

    4. Финансиско техничка анализа на проекти за енергетска ефикасност со примена на ESCO моделите на финансирање

    Инструктор: Г-н Антонио Делов