Програма 2016-2020

-Комората ќе се заложи за надоградба на Web порталот во јавен информативен центар за презентирање на производите и услугите на своите членки, на заинтересираните деловни лица и граѓанството локално, регионално и глобално.
- Комората ќе ги поддржува локалните енергетски инфо центри во рамките на општините или региони во земјата
- Поддршка на членките од областа на финансиско работење во соработка со Центарот за Финансирање и Менторска поддшка организиран во рамките на Комората од соработници со приоритетна дејностЧ фондација, финансирање, финансиски и сметководствен консалтинг и деловен консалтинг.
- Едукација од областа на менаџмент и маркетинг
- Корпоративна Web презентација на членките на Web порталот на Комората
- Информативен и рекламен е-весник- Инфо Мал Бизнис
- Воспоставување и одржување деловна соработка со Албанија, Црна Гора, Србија, Косово, Бугарија, Хрватска и Словенија
- Во колку се создадат услови за воспоставување на деловни контакти со Грција и други земји од регионот
- Поддршка и формирање на информативни центри за енергетска ефикасност во рамките на локалната самоуправа по региони
- Организирање на меѓународни и локални презентации, работилници
- Организирање посета на саеми и институции во соседните земји и ЕУ од интерес на членките
- Организирање на трибини во инфо центрите на локалната самоуправа од област на енергетска ефикасност
- Учество на трибини и меѓинародни средби и конференции организирани од други комори и воспоставување соработка со другите комори од земјата
- Комората се залага за формирање на заедничко тело за обединување на коморите од земјата за претставување на интересите на земјата во други земји посебно во делот на одржлив развој