Улично и индустриско осветлување и мрежи - SMART GRID & LIGHTING

Моделите за заштеда на електрична енергија кај јавното и индустриското осветлување ќе придонесат за намалување на потрошувачката на електрична енергија бидејќи 19% од енергијата во светот се троши за осветлување. Секоја Smart Lighting платформа опфаќа енергетски ефикасни светилки, но и автоматска контрола која прави прилагодувања на осветлувањето зависно од потребите или дневната светлина. Инвестирање во дигитализација на менаџментот со енергијата значи воведување на Smart Energy концептот во Smart City развојните стратегии на урбаните општини.

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

Со програмата на Adria Finance HUB се поддржува изработката на проектна документација и финансирање на проектите со ESCO методот
Со Програмата Енергетска ефикасност во јавниот сектор на Светска Банка се поддржуваат проекти со донација 20% и поволни кредитни услови
Со грантова шема на ЕУ Делегација поддршка на проекти 30% грант
Со програмите на EBRD може да се поддржат проекти со донација од 50% од вредноста на проектот (донацијата е лимитирана на max.10.000 EUR)
Со програмите на Развојна Банка на РСМ (МБПР) директно се поддржуваат проектите финансирани од IPA фондовите, проекти од агробизнисот и проекти за енергетска ефикасност.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и Здружението за енергетска ефикасност „ЕУРЕМ МК„, Ве повикуваат да присуствувате на претстојниот семинар SMART GRID & LIGHTING, кој ќе се организира на 25 Јануари 2020 година.

пријава >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-Seminar%20ZERO%20...

агенда >>> https://www.sbch.org.mk/content/%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%BB%D0%B8%D0%...